СО НАД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА, ОХРИДСКИОТ ЗАВОД И МУЗЕЈ ГО САНИРАШЕ ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ ШТО СО ГОДИНИ БЕШЕ ГОДИНИ ЗАПУШТЕН

July 12, 2025
1 min read

После години запуштеност и неодржуваност, саниран е Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид. Станува збор за санација за која беа потрошени 15 милиони денари (над 240.000 евра) од буџетот на Завод и Музеј Охрид, рече денеска директорот Горан Патчев.

„Презедовме доста чекори за реставрација на самата инсталација, на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли, за системот за наводнување. Седум години не беше ништо вложувано и изминатава година доста интензивно се спроведоа активности“, кажа Патчев.

Музејот на вода е ден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид. (Фото: Министерство за култура)

Оваа реплика на праисториска наколна населба на местото наречено Плоча Миќов Град, со 24 куќички од кал и гранки поставени на дрвена платформа изградена на дрвени колци кои излегуваат од Охридското Езеро, со години имаше расклатена и на места скршена ограда, даските на платформата на повеќе места беа раздвоени, клинците штрчеа од спојките.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека е целосно сменета кровната покривка на сите куќарки, санирана е платформата, и дека ќе се трошат уште пари за целосно обновување на локалитетот.

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, министерот за култура Љутков, премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Завод и Музеј Охрид, Горан Патчев на денешната посета на Заливот на коските. (Фото: СДК.МК)

Музејот се отвори во 2008, по две години изградба што чинеше 2 милиони евра, а финансираше Министерството за култура, во времето кога Паско Кузман беше директор на Управата за заштита на културното наследство.

Во 2021 година, Министерството за култура даде 500 илјади денари (над 8.000 евра) за санација на  оштетувањата на Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште. Тогаш од Охридскиот Завод и Музеј рекоа дека средствата не се доволни за комплетна реконструкција, но ќе се прават најнеопходните зафати за да се подобри безбедноста на музејскиот комплекс.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски не го осуди тепањето на Данела

Следно

Лишено лице од дебарско поради предизвикување пожар

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop