Европа се бори со “пекол“: Огнена апокалипса во Црна гора, пожари во Шпанија, Грција

August 12, 2025
1 min read

Топлотен бран ја зафати Европа. Пожари беснеат од Шпанија до Турција. Црвени метео аларми на сила во Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора.

Војската интервенираше за да им помогне на пожарникарите во голем пожар кој избувна северно од Подгорица, принудувајќи десетици семејства да ги напуштат домовите. Најкритично е помеѓу Буљарица и Чањ, но големи пожари има и во близина на Бар, Будва, Никшиќ. Еден војник загина а друг е повреден откако се превртела цистерна која се користела за гаснење на пожарите.

жители на Црна Гора

„Имам куќа, имам имот, се имам но не мопжам да одат таму, бидејќи пожарот е голем.“

„Штом видов дека гори и дека доаѓа пламенот, веднаш дојдов навака бидејќи тука имам роднини. Најпрво ги евакуираа децата а во последен момент успеавме да евакуираме еден дедо. Три минути после тоа, неговата куќа почна да гори.“

Шумски пожар уништи приближно 300 хектари во близина на пристаништето Сплит… Состојбата во моментов е мирна, но десетици пожарникари се уште се на терен…

Вишеслав Пешиќ – Командант на пожарникарите во Омиш

„Имавме многу, како што велат пожарникарите, многу интересна вечер поради силните ветрови во западниот дел од пожарот. Тоа ни направи мали проблеми. “

Во Албанија, 800 војници и седум хеликоптери од ОАЕ, Чешка, Словачка, Хрватска се вклучени во гаснењето на 14 пожари. Според Европскиот систем за шумски пожари, од почетокот на јули во земјата изгореле речиси 34.000 хектари. Во Грција пак седум од десет пожари се должат на човечки фактор, главно поради невнимание, но има некои предизвикани со умисла, велат од грчката влада ..Досега се регистиррани повеќе од 5000 пожари.

 

Јанис Кефалојанис  – министер за цивилна заштита на Грција 

„Од почетокот на годинава имаме над 5.600 пожари, додека од 1 мај, кога започна сезоната за заштита од пожари до денес, имаме над 3.000, поконкретно 3.100 заклучно со вчера. Во однос на изгорените површини, досега сме под просекот од последните 20 години. Пожарникарите вложуваат огромни напори со копнените и воздушните средства брзо да ги локализираат пожарите.“

И пожарникарите во Турција се борат со шумски пожари во неколку области, потпомогнати од силни ветрови, а жителите на три села се евакуирани од безбедносни причини. Речиси 80 лица поради вдишување на чад побарале лекарска помош.

Поради топлотниот бран, Шпанија, Франција, Италија издадоа предупредување за високи температури. Во Романија, четиригодишно дете почина од топлотен удар откако било пронајдено во бессознание во автомобил. Во Бордо,  регистрирана рекордна температура од 41,6° степени… Во регионот Кастиља и Леон, во Шпанија, за три дена пријавени се 13 пожари, од кои поголем дел се намерно предизвикани. Во Италија, министерството за здравство издаде црвен аларм за седум градови.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исак по секоја цена сака да замине од Њукасл

Следно

Пожарите во Албанија ја зедоа и првата жртва, наредена евакуација на неколку села

Latest from Blog

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот
Go toTop