Пожарите во Албанија ја зедоа и првата жртва, наредена евакуација на неколку села

August 12, 2025
1 min read

Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал.

„Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината на својата куќа, во селото Кулолас, пожар кој излегол од контрола и масовно се проширил во неколку села во округот Грамш. Лицето го загубило животот како резултат на задушување“, се наведува во соопштението за медиумите.

Се додава дека полицијата, противпожарната служба и службите за цивилни итни случаи веднаш излегле на терен, каде што “интензивно работат на гаснење на пожарот, како и на евакуација на жителите од селата каде што се проширија пламените јазици”.

Поради ситуацијата што излезе од контрола, Министерството за одбрана нареди евакуација на жителите на 3 села во подрачјето на Грамш.

„Поради пожарите, кои брзо се шират, Министерството за одбрана ги повикува жителите на селата Кулолас, Блетез и Менколаре веднаш да ги напуштат своите домови и да соработуваат со властите за безбедна евакуација, стои во соопштението на министерството.

Само во овој дел на земјата, наведува министерството, покрај против пожарната единица и локалната власт на Грамш, вклучени се и 80 припадници на армијата и армиски хеликоптер кои работат непрекинато за да ги изолираат пламените јазици.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа се бори со “пекол“: Огнена апокалипса во Црна гора, пожари во Шпанија, Грција

Следно

Средба на Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на младите: Мора да им овозможиме учество на младите во управувањето со сегашноста

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop