Шефот на турската дипломатија изрази загриженост поради нападите на Израел врз Сирија

July 16, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изрази загриженост поради нападите на Израел врз јужна Сирија и главниот град Дамаск во телефонски разговор со неговиот сириски колега Асад ал-Шаибани, соопштија турски дипломатски извори.

Министерот Фидан во текот на разговорот истакнал дека нападите на Израел врз јужна Сирија и Дамаск се причина за загриженост.

Тој повика веднаш да престанат интервенциите што ја загрозуваат регионалната безбедност и напорите за воспоставување стабилност во Сирија.

Шефот на турската дипломатија ја нагласи и важноста сите релевантни страни да вложат напори за враќање на мирот во Сирија.

Израел денес започна воздушни напади во Сирија, насочени врз Министерството за одбрана на Сирија и областите во близина на претседателската палата во Дамаск.

Израел ја нападна покраината Сувајда во јужна Сирија, предупредувајќи дека ќе продолжат со нападите доколку сириските сили не се повлечат.

Сириската армија распореди војници во подрачјето на покраината Сувајда за да воспостави ред откако дојде до судири меѓу вооружените групи Друзи и Бедуините во кои животот го загубија најмалку 30 лица.

Израелската армија тврди дека операциите имаат за цел да го заштитат малцинството Друзи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Контролните натпревари во Гевгелија со Швајцарија ќе бидат добредојдени

Следно

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Битола – ГП Меџитлија и регионалниот пат Битола – Прилеп

Latest from Blog

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во
Go toTop