Андоновски: Контролните натпревари во Гевгелија со Швајцарија ќе бидат добредојдени

July 16, 2025
1 min read

Кошаркарската репрезентација на Македонија трет ден ги одработува подготовките за претстојните претквалификациски дуели со Романија и со Унгарија. Македонскиот национален тим е во Скопје, а во следниот период ќе продолжи во Гевгелија каде ќе одигра и контролни дуели со Швајцарија.

Во плејадата млади кошаркари кои се на списокот на селекторот Марјан Илиевски, се наоѓа и играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Андреј Андоновски.

– Повеќето од нас добро се знаеме, имаме играно заедно, како во младинските репрезентации, така и во сениорската. Оттука сметам дека тие два контролни натпревара ќе ни бидат добредојдени, за да се подготвиме подобро и да влеземе што посилно во важните дуели. Ќе дадеме се од себе. Јас лично како играч, а сигурен сум и дека сите мои соиграчи кои што се тука, исто така. Тоа што репрезентацијата е подмладена, е еден природен чекор кој што доаѓа со времето, изјави Андоновски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија продолжува со извозот на оружје во Израел и покрај зголемените критики

Следно

Шефот на турската дипломатија изрази загриженост поради нападите на Израел врз Сирија

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop