Ангелов: Три критични пожари – авион и хеликоптер во акција над Николиќ, Крушје и Локвица

July 13, 2025
1 min read

Од вкупно околу 15 активни пожари на отворен простор низ државата, најсериозни се трите кои беснеат кај селата Николиќ, Крушје и Локвица, информираше попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Најдолго активен е пожарот во атарот на дојранското село Николиќ, кој трае веќе повеќе од една недела. Во утринските часови, интервенција започнаа екипи од „Национални шуми“, потпомогнати од противпожарните единици на Валандово, Гевгелија и доброволците од Дојран. Дополнителна поддршка обезбедуваат ДЗС, припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), како и пожарникари од Кавадарци со водени топови.

„Утрово беше ангажиран и ер-тракторот од типот ‘амфибија’, со капацитет од три тона вода, кој полни од Дојранското Езеро и со прецизни интервенции значително ја зголемува ефикасноста на гаснењето“, истакна Ангелов.

Покрај авионот, на терен е вклучен и еден армиски хеликоптер со ведро за гаснење, исто така со капацитет од три тона вода.

Во однос на новоизбиените пожари кај селата Крушје (општина Велес) и Локвица (општина Македонски Брод), Ангелов нагласи дека се работи за пожари кои се прошируваат брзо и ќе бидат потешки за целосно гаснење.

„Го следиме развојот на состојбата. Интервенираме координирано и со максимална подготвеност на сите служби, со цел заштита на населението и шумските површини“, додаде тој.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира граѓаните да бидат крајно внимателни и да не палат оган на отворено, особено во услови на високи температури и силен ветер.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангелов: Пожарите кај Крушје и Локвица се потешки за гаснење

Следно

Огромен интерес привлече Фестивалот на костимирани водни спортови во Москва

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop