ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 18“-ЖЕНИ: Јуниорките завршија на 18 позиција

July 13, 2025
1 min read

Женската јуниорска репрезентација на Македонија не успеа со уште една победа, да се прости од натпреварите на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое денеска завршува во Литванија.

Подобра од нашата, беше селекцијата на БиХ, за која останува 17. место во финалниот поредок, а со овој пораз, јуниорската репрезентација на Македонија го заврши шампионатот на 18.позиција.

Кошаркарките на БиХ имаа извонредна прва четвртина, Стартуваа скоро непогрешливо, особено зад линијата од 6.75 метри. Постигнаа дури шест тројки (од десет обиди) кошаркарите на БиХ, што и тоа како „се одрази“ на резултатот.

По десет минути игра, се стекнаа со големи (32:14), што им овозможи многу послободна игра во продолжението на натпреварот, последен за двете репрезентации на турнирот во Литванија. Во вториот период, Босанките делуваа сигурно, особено во нападот, и ја зголемија и онака високата позитива.

По две одиграни четвртини, БиХ водеше со убедливи, двојно поголеми, (53:26).

За разлика од првото, почнавме многу подобро во второто полувреме. Третата четвртина Македонија ја отвори со серија од седум поени, за да анулираме дел од високата негатива која ја имавме на полувремето.

Но и тоа беше со „краток рок“, затоа што противникот „одговори“ со своја контра-серија од 12.поени, и да дојде до недостижни (65:35), иако се играше 27.минута од натпреварот.

Но не се откажааа напите девојки, сакаа и покажааа дека можат многу подобро, го презентираа тоа во последната четвртина. Ја добија во своја корист со (28-9), за чесно простување од евро-шампионатот.

Уште еднаш Ива Колева го покажа сиот свој потенцијал, застана нашата најмлада кошаркарка на скор од 20.поени. Имаше и седум скока и исто толку асистенции. Ја следеа Теа Трајковска, која на 19. поени додаде и осум скока, Ања Начевска финишираше со дабл-дабл ефект од 16.поени и 17.скока. Пислевска и Џангаровска додадоа по шест, но општ впечаток е дека недостасуваше ефектот на уште некоја кошаркарка во нашата женска јуниорска селекција за подобар резултат на ова првенство.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илјадници Израелци протестираат во Тел Авив барајќи договор за размена на затвореници

Следно

Црна Гора го одбележува Денот на државноста

Latest from Blog

Сензационален трансфер на Левандовски за 90 милиони евра по сезона

Рорберт Левандовски е блиску до сензационален трансфер од Барселона откако доби понуда што го промени животот од Саудиската професионална лига. Искусниот напаѓач наводно е блиску до прифаќање на финансиски пакет што би

Тоневски: Пробиштип гордо ја негува културата и фолклорот

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на отворањето на 24-та Регионална ревија на песни, музика и игри „Пробиштип 2026“, организирана од Здружението на пензионери од Пробиштип. Тоневски истакна дека организацијата

Градски парк во фестивалски ритам: стартуваше јубилејниот Виноскоп

Првата вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп помина во пријатен фестивалски амбиент, со уникатни вкусови, средби и наздравувања на Школка во Градски парк. Фестивалот, кој годинава се одржува од 13 до

Трамп и Си разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина

 Државната новинска агенција Синхуа објави дека лидерите „размениле мислења за важни меѓународни и регионални прашања“, а војната во Украина исто така била на дневен ред.  Во текот на разговорите Кина одлучила да

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот
Go toTop