Познатиот турски древен локалитет Ѓобеклитепе главна атракција за туристите од цел свет

July 6, 2025
1 min read

ШАНЛИУРФА (АА) – Ѓобеклитепе, древно светилиште во Југоисточна Турција и заштитено подрачје на УНЕСКО, стана главна атракција за туристите од цел свет, зацврстувајќи ја својата улога како темел на регионалниот и националниот културен туризам, пишува Анадолу.

Ѓобеклитепе, познат како најстар храм во светот и наречен „нулта точка на историјата“, се наоѓа во централното подрачје Халилије во Шанлиурфа, приближно 18 километри од центарот на градот, во близина на руралната населба Оренџик.

Локацијата првпат била откриена при површинските истражувања во 1963 година, а до конкретни докази е дојдено во 1986 година кога еден земјоделец открил статуа додека го орал полето.

Официјалните ископувања започнале во 1995 година под водство на Дирекцијата за културно наследство и музеи при Министерството за култура и туризам на Турција. Археолозите открија обелисци во форма на буквата Т од неолитскиот период, високи од три до шест метри и тешки од 40 до 60 тони.

Овие откритија ја зголемија важноста на локацијата, па Ѓобеклитепе прво е ставено на Привремената листа на УНЕСКО во 2011 година, а во 2018 година официјално е прогласено за светско културно наследство.

Неколку месеци откако УНЕСКО го прогласи за место на светското наследство, Ѓобеклитепе официјално е отворен за туристите во 2019 година, кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нарече „Година на Ѓобеклитепе“ за да го прослави неговото наследство.

И покрај пандемијата на КОВИД-19 и природните катастрофи во 2023 година, вклучително земјотреси и поплави, Ѓобеклитепе од 2019 година до првата половина на 2025 година привлече вкупно 3.645.023 посетители.

Во годишните бројки забележани се 412.378 посетители во 2019 година, 197.912 во 2020 година, 567.453 во 2021 година, 837.811 во 2022 година, 512.164 во 2023 година, 731.794 во 2024 година и 385.511 во првата половина од 2025 година.

– Ѓобеклитепе претставен на секоја тура без исклучок –

Обласниот директор за култура и туризам, Ајдин Аслан, за Анадолу изјави дека интересот за Ѓобеклитепе расте низ целиот свет.

Тој истакна дека статусот на Ѓобеклитепе како светско наследство на УНЕСКО го направил главен извор на туризмот во регионот.

Тој истакна дека секоја тура во Шанлиурфа вклучува посета на Ѓобеклитепе, нагласувајќи ја неговата важност како движечка сила и за регионалниот и за националниот културен туризам во наредните години.

Аслан потсети и на меѓународните промотивни активности, вклучително и изложбата „Ѓобеклитепе: Загатката на едно свето место“ организирана во Колосеумот во Рим.

Нагласувајќи ја важноста на меѓународната промоција, тој рече: „Шестмесечната изложба привлече шест милиони посетители и остави впечаток. Многумина што ја видоа изложбата во Колосеумот оттогаш допатуваа во регионот за да го доживеат Ѓобеклитепе од прва рака.“

Ахмет Јаздаг, турист што допатувал од Австралија, истакна дека Ѓобеклитепе е тема на интерес и таму: „Работам во болница во Австралија и многу лекари сакаат да дојдат овде. Се надевам дека наскоро ќе го направат тоа. Шанлиурфа навистина вреди да се посети.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пред посетата на САД, израелскиот претседател го повика Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Газа

Следно

Koj e Орце Ѓорѓиевски кој претендира да биде следен Скопски татко?

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop