По еден век забрана, повторно дозволено капењето во Сена

July 5, 2025
1 min read

Жителите на Париз и туристите од деенска ќе можат да се капат во реката Сена, откако локалните власти ја укинаа забраната што беше во сила повеќе од еден век, објави ДПА.

Властите во Париз отворија три базени на сена: еден во близина на Ајфеловата кула, другиот во близина на катедралата Нотр Дам и третиот спроти Националната библиотека на Франција.

Базените имаат соблекувални и тушеви, ќе бидат надгледувани од спасувачи и ќе нудат простор за сончање, се вели во соопштението на градот. Пристапот до нив е бесплатен до пополнување на капацитетите, но само за луѓе кои знаат да пливаат. Базените ќе бидат отворени во текот на целото лето, а квалитетот на водата ќе се следи постојано.

– Сите ќе можат да пливаат во Сена од ова лето, изјави француската министерка за спорт Мари Барсак кога одлуката беше објавена во мај. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, рече дека базените се обид да се подобри квалитетот на животот во француската престолнина по очекуваното зголемување на летните температури поради климатските промени.

Капењето во Сена официјално беше забрането во 1923 година. Сена беше место каде се одвиваа натпреварите во триатлон и пливање на отворени води на Олимписките игри во Париз во 2024 година, откако беа потрошени повеќе од милијарда евра за подобрување на квалитетот на водата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дел од Сопиште без вода

Следно

Зголемен сообраќај на патиштата, кратки застои на граници и нови ограничувања за камионите

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop