Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика“

July 5, 2025
2 mins read

Во петок 11 јули 2025, 21 часот во Галичник на амфитеатарот на чешма Упија ќе биде изведена премиерата на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“,  во чест на јубилејот 150 години од објавувањето на „Речник на три јазика“ на големиот Пулески.

Монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ е инспирирана од неговиот живот посветен на борбата со зборот како оружје! Текстот го напиша Миле Бошњаковски на еден од неговите автентичните македонски говори – мијачкиот.

Во разговор за Рацин.мк Миле Бошњаковски открива како и во кој момент бил инспириран да ја напише монодрамата посветена на Пулевски.

„Минатата година заврши делумно реновирањето на Музеј куќата на Ѓорѓија Пулески во Галичник односно само кровот е поправен со цел да се заштити куќата од галичките зими. Но, додека бев во куќата и самиот факт дека Пулески токму во таа куќа научил да оди, да зборува – ме инспирираше моментот дека треба да се создаде нешто да се запали неговата искра повторно“.

За Бошњаковски посебен предизвик кој го прифатил со огромно задоволство бил да ја напише драматана мијачкиот дијалект, еден од мноштвото во македонскиот јазик, за што особено помош добил потомците на неколку семејства Черепналковци, Гаревци и Мандилевци. Авторот смета дека автентичниот говор, со кој се служел и самиот Пулески, ѝ даваат исклучителна автентичност на изведбата на премиерата.

Бошњаковски открива неколку детали од текстот на монодрамата во кој се поместени неколку сцени кои се случуваат во „сеќавањата“ на Пулески.

„Го имаме „каменот“ кој е симбол на „зборот – македонски“ за Пулески, кој пак тој камен симболично ѝ го предава на Европа, која како модерна девојка пристигнува на коњ. Пулески има три сцени со негови современици. Имено тој ќе разговара во живо со Абрахам Линколн, Лав Толстој, како и со Жорж Санд, кои ги рекреиравме со помош на новите техниологии, а се разбира како составен дел од неговиот живот и неговите учество во многу војни и битки ќе има и сцена на борба на две војски“, открива Бошњаковски за Рацин.мк.

Бошњаковски ни говореше и за тимот со кој се подготвува премиерата.

Искрата на Ѓорѓија Пулески и неговиот чист и јасен крвоток како основоположник на македонистиката, од 19 век во оваа 2025 година ќе ни ја пренесе нашиот познат актер Рубенс Муратовски. Музичката подлога инспирирана од традиционална композиција „Ветер да подујне“ ја подготви музичарот Нико Ѓоргиевски, а ќе ја изведат во живо во рамките на премиерата заедно со маестралните Мајовци. Премиерата е во режија на театарскиот режисер Бојан Трифуновски.

Ѓорѓија Пулески со објавата на „Речник од три јазика“ пред 150 години јасно, прецизно и со острина на галички камен го втемелува македонскиот јазик во лингвистичкото семејството на Балканот, Европа и целиот свет. Сеќавањето на Пулески и на неговото творештво, кое е од исклучително значење за македонскиот јазик  и тоа во неговиот роден Галичник, овој Петровден треба да биде „ехо“ кое ќе се пренесува во наредните векови. Монодрамата ќе биде изведена под отворено небо во центарот на Галичник, на амфитеатарот пред чешма Упија и вила Доста.

Влезот е слободен за секој посетител на Галичник.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

За коридорите 8 и 10д минатиот месец исплатени 681.026.665 денари на Бехтел и Енка

Следно

Трамп: Следната недела можен е договор за прекин на огнот во Газа по „позитивниот“ одговор на Хамас

Latest from Blog

Македонското друштво „Илинден“-Тирана активно учествува на собирот на европските малцинства

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. Во рамки на активностите на овој значаен

Мбапе пред „Ел Класико“: Ќе го направиме она што го очекуваат од нас – ќе победиме!

фото: Real Madrid C.F. (X) Килијан Мбапе со нетрпение го очекува утрешниот дуел со Барселона во рамките на новото коло во Ла Лига. Тој зборуваше пред натпреварот против Каталонците за своите очекувања.

Џони Деп се враќа во кината, филмот е адаптација на класик од Дикенс (ВИДЕО)

Андреа Рајзборо се придружи на екипата, а студиото веќе закажа премиера на 13 ноември 2026 година, потврди „Дедлајн“. Сценариото е напишано од Натаниел Халперн, додека продуцентка е Ема Вотс. Нова адаптација на
Go toTop