Јовева со остри критики пред гласањето за извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент: „Јас ја бирам страната каде што идентитетот и јазикот се оставени на мир“

July 4, 2025
1 min read

Европратеничката Ирена Јовева денеска преку Инстаграм испрати јасна порака по повод претстојното гласање за извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, закажано за следната недела на пленарната седница во Европскиот парламент.

Објавата започнува на македонски јазик, што Јовева го направи со, како што вели, „оправдана причина“. Таа се осврнува на неодамнешните обиди некои политичари да го оспорат статусот на македонскиот јазик, алудирајќи на тоа дека го нарекуваат „модерен“ јазик, без реална основа.

„Дали постојат ‘модерни’ јазици? Дали постои ситуација во која еден формално признат јазик, одеднаш станува ‘модерен’ само затоа што некој така решил?“, прашува Јовева во објавата.

Таа посочува дека извештаите на Европската комисија за земјите-кандидати се технички и професионални документи, наменети за објективна оценка на напредокот и не треба да се користат за политички манипулации, особено не во однос на идентитетски прашања.

„Оригиналната верзија на извештајот е реална, но некои политичари не би биле политичари ако не прават драма околу сè што има врска со македонскиот народ, јазик и идентитет“, истакнува Јовева.

Таа додава дека го избира патот на разумот: „Јас ја бирам страната каде што идентитетот на нацијата е оставен на мир. Каде што јазикот на нацијата е оставен на мир.“

На крајот, Јовева упатува и емотивна порака: „Од срце ѝ посакувам сè најдобро и најубаво на татковината на моите родители. Но за жал, таму е сè освен тоа.“

Преводот на словенечки и подолгата верзија на објавата, како што наведува, се достапни на нејзината официјална страница на Фејсбук.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Крушево се соочува со голема миграција

Следно

„One stop“ и на граничниот премин „Табановце“ – Дачиќ скептик за технологијата, Тошковски уверен: Ќе го намали чекањето

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop