Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

July 4, 2025
1 min read

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air Cinema“, со проекција на блокбастерот „Интерстелар“ на култниот режисер Кристофер Нолан.

Со ова официјално започна првата летна сезона на ова уникатно кино под ѕвездено небо, кое ќе понуди фантастичен избор на филмска програма од 2 јули до 5 септември.

Проекциите ќе се одржуваат три пати неделно – секоја среда, петок и сабота, со почеток во 21 часот, а на програмата ќе се најдат холивудски хитови и македонски култни филмови. Веќе се најавени следните проекции: „Барби“ и „Топ Ган: Маверик“, а организаторите најавуваат динамичен репертоар со многу изненадувања.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат не само во кино искуството, туку и во дополнителна забавна програма која започнува од 19.30 часот, пред секоја проекција. Во рамки на забавната зоната, ќе се организираат тематски активности инспирирани од филмските содржини, со музика во живо, коктели, вкусна храна и разни интерактивни изненадувања – сè што е потребно за едно комплетно летно излегување.

Ова искуство е креирано по светски стандарди, со најсовремена кино-опрема, аудио и визуелни ефекти, кои гарантираат уникатно доживување. Иако е лето, ова е најсвежата локација во градот – градско скривалиште под отворено небо.

Билетите за проекциите се достапни по цена од 200 денари, и можат да се набават онлајн преку мобилната апликација на Cineplexx MK и веб-страницата на Синеплекс (https://www.cineplexx.mk/events/Open%20Air%20Cinema), како и на благајните во киното.

Репертоарот на филмовите ќе се објавува на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол и Синеплекс, каде што посетителите ќе можат навремено да се информираат за секој нареден филм.

Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол како општествено одговорна компанија воспоставува нова традиција и го позиционира покривот на трговскиот центар како нова летна културна точка во градот, која ги спојува филмот, забавата и градската атмосфера на едно место.

 Фото: Игор Костов

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Галичка свадба 2025: Зурли, тапани и вековни мијачки обичаи од 11 до 13 јули

Следно

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop