Почетокот на Европското првенство Б-дивизија започна со убедлив пораз на Јуниорките

July 4, 2025
1 min read

Женската јуниорска репрезентација на Македонија со убедлив пораз го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија што од денеска се одржува во Литванија.

Нашите млади кошаркарки загубија од Романија со 45-87 во меч во кој одиграа квалитетно само во првата четвртина. Тие десет минути ги добија со 16-13, но потоа почна доминацијата на противникот.

Во воведниот период Македонија имаше водство и од 10 разлика (16-6), но по три минути игра во втората четвртина Романија израмни (20-20), а нешто подоцна и дојде во водство со 22-20. На две минути пред крајот на полувремето, противничките веќе имаа двоцифрена предност (33-23). На голем одмор беше 37-27, но сите дилеми беа решени во третиот период кој ѝ припадна на Романија со огромни 25-9.

Романската репрезентација доминираше во речиси сите сегменти, оствари 65 скока, наспроти 38 на Македонија, погоди девет тројки наспроти само две на нашиот тим (Мариновска и Алексова), а нашите кошаркарки имаа дури 30 загубени топки, 13 повеќе од противникот.

Ања Начевска беше убедливо најдобра во редовите на македонската селекција со 11 поени и 13 скока, но даллеку од доволно да избори добар резултат. Утре нашата репрезентација ја очекува дуел против Германија, од 17 часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинците во Газа ги ризикуваат животите за малку хуманитарна помош поради израелските напади

Следно

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop