Мицкоски за демографската рецесија: За четири години загубивме град со големина на Кавадарци

July 4, 2025
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека е време за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени да се вратат. Според него, демографската рецесија не е проблем само за Македонија, туку и предизвик за цела Европа и пошироко и нагласи дека Влада не го премолчува проблемот, туку креира политики за справување со него. Премиерот додаде дека оваа борба не е само на едно министерство туку на сите општествени чинители.

Иако Македонија е исклучок, посочи премиерот, сепак нашата состојба е посебна, затоа што додека некои држави ја забележуваат оваа појава како тренд, кај нас таа е, вели, аларм.

Мицкоски во  своето обраќање на настанот во Владата на тема „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“ нагласи дека овој проблем од претходните влади се ставал под тепих и не се гледало на него како на сериозна закана. Додаде дека во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица и напомена дека тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година.

-Во последните четири години, изгубивме повеќе од 33.000 жители, како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5 процентни промили во 2010 година на само 8,8 во 2024, истакна премиерот.

Тој додаде дека во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение, сè повеќе луѓе живеат сами, сè помалку стапуваат во брак, сè помалку деца се раѓаат.

-Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. А кога велиме дека „ги рушеа темелите“, не мислевме само на корупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатата Влада. Мислевме и на ова. На рушењето на семејството. На губењето на иднината. На иселувањето како единствена опција. Затоа денес кажуваме гласно: Оваа Влада не го премолчува проблемот. Го именува. Го признава. И се бори со него. Но, што значи таа борба? Тоа не е борба со едно министерство. Тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, во училиштата, во родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини каде се простуваат мајки и синови, истакна Мицкоски. 

Премиерот нагласи дека целта е да се направи животот вреден, мајчинството благослов, а не товар, но и да им се дадат причини на младите да останат.

-Да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост, туку ја негуваат, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Знаеме дека нема магично решение. Но има намерна, постојана, државничка борба. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме е со цел да ја вратиме вербата, истакна Мицкоски, нагласувајќи дека сериозно размислуваат за воведување дополнителни даноци за немажени и неженетите. 

Мицкоски истакна дека нема ништо посвето од животот и ништо потажно од тоа што денес нашата држава тивко се празни.

-Но исто така – нема ништо похрабро од народ што се буди. Затоа велиме: Време е. Време е за иднина. Време е за држава, каде што ќе се раѓаат повеќе деца, повеќе млади да стапувата во брак и да се раѓаат повеќе деца, ќе се враќаат повеќе луѓе, и ќе се живее со повеќе срце. Како што рекол Едгар Морен: „Демографијата не е судбина – туку огледало. Прашањето е: што ќе видиме во него и дали ќе имаме храброст да дејствуваме.“ Ние веќе гледаме. И веќе дејствуваме. Ги градиме темелите на промените – затоа што доаѓа времето на народот и граѓаните. И тоа нема да биде време на заминување, туку време на враќање. Не на тишина, туку на нови гласови. Не на исчезнување, туку на раѓање, истакна Мицкоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Но, јас сум среќникот“: Последниот коментар на Жота кон сопругата објавен на Инстаграм – Сонот стана кошмар по само два дена

Следно

Протести на студентите во блокада и граѓани кои ги подджуваат во поголемите градови низ Србија

Latest from Blog

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од

Иран нападна цели во соседните земји

Фабриката беше нападната и вчера, што исто така предизвика пожари. Кувајт соопшти дека пожарникарите денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите и дека немало жртви во нападот. Мина ал-Ахмади може да преработува

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „ВРСКИ“ ВО СУД: JO поднесе обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело –

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана со честитка за Рамазан Бајрам: Порака за мир, почит и заедништво

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам, испраќајќи пораки за мир, толеранција и меѓусебно разбирање. Во честитката, од друштвото истакнуваат
Go toTop