Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

July 4, 2025
3 mins read

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата се очекува да се зголеми со надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг – преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата држава, за што Јавното претпријатие за држави патишта наскоро ќе објави повик за избор на оператор. Во системот Отворен Балкан досега се регистрирани 5077 македонски тагови и 8500 српски тагови. 

– ЈПДП  бележи континуиран раст на приходите од наплата на патарина. Од почетокот на 2025 година до денес вкупниот приход за првото полугодие е 1.900.255.930 денари или во споредба со истиот период во 2024 година е повеќе за 78.000.000денари. Што се однесува  до начинот на плаќање во сериозен раст е употребата на ЕНП електронска наплата на патарина, и ова укажува на тренд на зголемна дигитализација и побрз проток на сообраќај на патарините, изјави за МИА Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Наплатата е 99,6 проценти, што, потенцира Трајановски, значи се намалува и процентот на таканаречените „неплаќачи“.

Подостапни М ТАГ-ови за корисниците 

Собранието минатата недела изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа досега можеше да се прави само во просториите на ЈПДП. Целта е лесна достапност на уредите за  електронска напката со оглед на придобивките од наплаќање на патарините со  таг, што се покажа  како начин успешен начин на наплата  согласно Договорот Open Balkan.

Според Трајановски, искуствата во другите држави покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците на автопатот, а бројот на корисниците се зголемил повеќекратно.

Најавува дека повикот за избор на правни лица кои се овластени за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг), како  ќе се изврши веднаш по стапувањето во сила на измените на Законот за јавните патишта.

– Придобивки од сето ова би биле намалување на времето на чекање, односно забрзување на протокот на сообраќај на наплатните станици, зголемување на ефикасноста на наплатните станици, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на злоупотребите и зголемување на задоволството на корисниците, односно граѓаните, вели Трајановски, 

Тој уверува дека наплатните капацитети се подготвени за летната сезона и се работи на олеснување на протокот на сообраќајот. 

 – Да, наплатните капацитети се подготвени, согласно со динамиката на зголемување на собраќајот по автопатиштата, така и ние се адаптираме на условите. Сообраќајот како  жива материја е секогаш со осцилации, но во постојан пораст. Поради тоа се ангажирани повеќе капацитети за да се справиме со потенцијалните гужви и да го олесниме нормално движење долж коридорите, вели Трајановски. 

Заедничкиот интегриран електронски систем за патарини во рамки на иницијатвата „Отворен Балкан“ истакнува дела покажува  добри резултати. Регистрирани се 5077 македонски тагови во системот Отворен Балкан,  како и 8500 српски тагови.

– Секако дека логирањето на системот кое е обврска на корисникот на микробрановиот транспордер (ТАГ) е со одредена процедура, но ги покажува вистинските придобивки и резултати, велат од ЈПДП.

Документација за електронска наплата и на Миладиновци

Од Јавното претпријатие за државни патишта споделуваат и дека е во тек подготовка за изработка на проектна документација за затворен систем за електронска наплата на патарина на Коридор 8. 

Во однос на модернизирањето на наплатните станици и на процесот на наплата на Коридорот 8 веќе се изработува документација за реконструкција на наплатната станица Миладиновци за поставување електронски систем за наплата. 

Електронски систем за наплата на патарините во државава е воведен од јули 2019 година на наплатните станици Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на Петровец. На Коридорот 8 наплатната станица Глумово профункционира како целосно електронска на 4 април минатата година, а  Желино, се трансформираше во електронскиот систем еден месец подоцна.

Со недоамнешните измени на Законот за јавни патишта се воведе и можност за дигитално евидентирање на јавните патишта. Тоа, според образложението од Министерството за транспорт, е од особена важност во однос на евиденцијата и сега се воведува како параметар неопходен за подобро функционирање на системот за управување со патни средства на јавните патишта. Конкретно се предвидува обврска за дигитално евидентирање на јавните патишта кои се во надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта- државните патишта, како и во надлежност на општините и Градот Скопје-општинските патишта, со соодветен референтен систем и стационажа како и доставување на евиденцијата на општинските патишта до ЈПДП. Се уредува и рокот во кој би се воспоставил Единствениот систем за управување со патни средства на јавни патишта кој се однесува на општиниските патишта, како и во кој рок општините и градот Скопје треба да отпочнат со водење на евиденција во овој систем, за јавните патишта кои се во нивна надлежност. Со законските измени се проширува на кои се места односно јавни патишта може да се постават применуваат мерки за забавување на сообраќајот во согласност со прописите за безбедност во сообраќајот, имајќи ги во предвид случувањата од последните неколку години за начините на управување со моторни возила во населени места и често неприлагодување на брзините на патот што придонесуваат до зачестени сообраќајни несреќи кои за жал завршуваат и со многу лош исход.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Следно

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Latest from Blog

Меџити: Видливи инвестиции за секојдневниот живот на жителите во Чаир

Првите големи инфраструктурни проекти во Чаир денес ги започна Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, кој е и кандидат за градоначалник на општината. Станува збор за

Бесплатен превоз од Битола до Пелистер за фестивалот „Пелистерски Вајб“

Поради големиот интерес за настанот „Пелистерски Вајб“, кој ќе се одржи во понеделник, 8 септември 2025 година, организаторите во соработка со превозниците Пелалинк, Хера турс и МИГ травел обезбедија бесплатен превоз за

Омерагиќ горд на младите фудбалери по двојната победа над БиХ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите

Коњановски во центарот на градот со кампањата „Предложи идеја“

На Широк Сокак, во центарот на Битола, градоначалникот Тони Коњановски ја продолжи кампањата „Предложи идеја“, чија цел е граѓаните директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на општината.

Инфлуенсер објави снимка од крвава борба со крокодил, му се заканува голема казна (ВИДЕО)

Холстон објави видео од неговата средба со крокодилот, што предизвика осуда од локалните групи за права на животните. Драматична борба во плитките води Во видеото објавено во четврток, 4 септември, Холстон прво го
Go toTop