24 сторија: Институционална битка за помош за нега од друго лице

July 2, 2025
1 min read

Да му набави храна, лекови, да го однесе на лекар – на прошетка со него. Антонио 24 часа се грижи за својот брат Ментор Лимани од Скопје, лице со сериозно нарушено психичко и физичко здравје. Антонио му е практично старател, но помош за него од друго лице институциите одлучиле да ја укинат. 

Тој со куп документи – четири години води борба со институциите за да обезбеди помош за него од друго лице. Во неколку наврати здравствената комисија не му ја продолжува помошта добиена првично во 2020 година и покрај тоа што на специјалистичките упати стои – дека лицето има потреба од  туѓа нега. Управниот суд ја уважува жалба на Лимановски во 2024 година, го поништува решението на комисијата и на Министерството за труд и социјална политика и предметот го враќа повторно на разгледување 

Од Министерството за труд и социјална политика, велат дека нивната комисија постапува по наодот мислењето и решението на стручните комисии – формирани во здравствените установи.

„Комисијата на Министерството за труд и социјалната политика постапува по решенијата на здравствените комисии – кои се фофмираат да постапуваат за одредени случаи. Откако Управниот суд ја уважи жалбата на Лимани предметот сега се враќа на повторно разгледување. Доколку комисијата одлучи барателот да добие туѓа нега ние како Министерство за труд и социјална политика само ќе го потврдиме решението и истото ќе стане правосилно.    

Антонио не се откажува од грижата за неговиот брат. И натаму вели упорно ќе ја бара паричната помош за туѓа нега која законски следува, а државата вели затаила и ги заборавила ваквите случаи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет активни пожари низ Македонија

Следно

ВИДЕО: Пожар во Грција, туристите итно се евакуираат

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop