Турција и ЕУ разговараа за визите, миграцијата и поддршката за Сирија

July 2, 2025
1 min read

Во Истанбул денеска се одржа третата средба од Дијалогот на високо ниво меѓу Турција и Европската Унија за безбедносни и миграциски прашања. Средбата ја водеа турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја и европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, јави „Туркије тудеј“.

Според соопштението на турското Министерство за внатрешни работи, биле разгледани тешкотиите што ги имаат турските граѓани при добивањето шенген визи, важноста на поддршката за Сирија, како и мерките за спречување на нелегалната миграција.

Јерликаја изјави дека Турција, под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, веќе не е земја цел или транзит за нелегална миграција. Тој посочи на растечката бројка на сириски државјани кои се враќаат дома по падот на режимот на Башар ал-Асад.

На состанокот биле истакнати и тековните заеднички напори на Турција и ЕУ за стабилизирање на регионот и борба против криумчарењето мигранти.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа се соочува со екстремен топлотен бран, Франција под црвен аларм

Следно

Курти: Ќе сториме сè за да се конституира Собранието до крајот на месецот

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop