СО ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ ПРИМАДОНАТА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РИМ

July 2, 2025
1 min read

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката Јанинка Невчева и професорката и писателка Ивана Трајаноска која ќе има излагање по повод 100 години од раѓањето на композиторот Кирил Македонски, авторот на првата македонска опера „Гоце“. Концертот е насловен „Гласот на Тишината“.

„Македонските композитори секогаш биле дел од мојот репертоар, а изминативе години посветувам многу повеќе внимание изведувајќи ги, анализирајќи ја тематиката и хармонијата. Гостувањата и концертите се дел од презентацијата на македонското творештво, она со што треба да бидеме горди во културата. Овојпат, концептот на концертот е музика и музичка презентација прикажана низ зборовите на универзитетскиот професор и писател Ивана Трајаноска, нејзино излагање по повод 100 години од раѓањето на композиторот Кирил Македонски, авторот на првата македонска опера ‘Гоце’. Во музичкиот дел ќе бидат изведени дела од Томислав Зографски, Стојан Стојков, Ристо Аврамовски, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Јана Андреевска и Горан Начевски. Пијанист е Јанинка Невчева“, ни рече Ѓиновска-Илкова.

Првенката на Националната опера балет (НОБ) минатата година прослави 30-годишен јубилеј на оперската сцена. Нејзините музички почетоци се врзани за виолончелото, откако тогашната директорка на средното музичко училиште ги советувала нејзините родители да почне да го учи овој инструмент.

„Завршив виолончело во нижо музичко, но желбата за пеење ми беше многу голема. На една седенка во Галичник каде што имаме стара семејна куќа од 1906 година, ме преслуша Симеон Гугуловски. Ја пеев ‘Зајди зајди’, и тоа беше судбинска средба, затоа што подоцна, тој ме испрати кај Милка Ефтимова, која подоцна беше моја професорка и ментор“, рече оперската пејачка во подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК, „За секого по нешто“.

Концертот во Рим е проект поддржан од Министерството за култура, на покана на фестивалот Римски ноќи.

М. ЏАРОВСКА  

Можеби ќе ве интересира и ова:

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Очекувавме од еврокомесарката Кос да биде повнимателна во изјавите за идентитетски прашања

Следно

Силен филмски бран во македонската кинематографија: Се снимаат три долгометражни филмови поддржани од Агенцијата за филм

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop