Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

June 30, 2025
1 min read

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања.

Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“ во Пионирски парк во Белград, и ослободување на притворените студенти.

„Ги повикуваме сите граѓани да излезат на масовен прекин на работата од вторник, 1 јули, се додека не се исполнат сите три барања“, се наведува во пораката објавена од студентите на социјалните мрежи.

Вишото јавно обвинителство во Белград вечерва објави дека 29 од вкупно 30 осомничени биле сослушани за напад врз полицијата и насилно однесување по протестот на 28 јуни, а задржување на еден од нив е укинато, бидејќи нема докази дека сторил кривично дело.

Обвинителството му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград да определи притвор за 26 осомничени лица, за да не ги повторат кривичните дела во краток временски период.

Групи студенти кои ги блокираа факултетите и граѓани кои ги поддржуваат продолжија вечерва со мобилни блокади да блокираат одредени раскрсници и улици низ речиси цел Белград, Нови Сад, Ниш и други градови. Полицијата презема акции за одблокирање на улици и раскрсници додека студентите во блокада повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада на клучните улици во Белград и други градови во Србија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Следно

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop