Ердоган: Турција инвестираше 300 милијарди долари во транспортната инфраструктура

June 28, 2025
1 min read

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција инвестирала 300 милијарди долари во транспортни проекти, што ја прави земјата клучен геостратегиски центар.

Говорејќи на Глобалниот форум за транспортна поврзаност што се одржува во Истанбул, Ердоган прецизираше дека од вкупните инвестиции, 177 милијарди долари се вложени во патниот сообраќај, 64 милијарди во железничката инфраструктура, 25 милијарди во авијацијата, четири милијарди во поморскиот транспорт и 25 милијарди во телекомуникациите. Овие инвестиции придонеле за економски раст од 1,064 трилиони долари и создавање нови работни места.

– Поврзавме 77 окрузи со патишта, изградивме над 30.000 километри патишта, должината на тунелите порасна од 50 на 790 километри, а на мостовите од 311 на 799 километри, рече Ердоган.

Турција сега има 2.251 километар железнички линии за брзи возови и 11.668 километри обновена железничка мрежа. Бројот на аеродроми се зголемил од 26 на 58, а дестинациите достапни од Турција од 60 на 353. Истанбулскиот аеродром за пет години опслужил 32 милиони патници. Ердоган го истакна и учеството на Турција во обновата на „Патот на свилата“ преку „Средниот коридор“, кој е двојно побрз од поморскиот и четири пати поевтин од воздушниот транспорт. Проектите со Кина за овој коридор ќе создадат 144.000 работни места.

Ердоган нагласи дека Турција нуди пристап до 67 земји и 1,5 милијарди луѓе со четиричасовен лет, а економскиот потенцијал во регионот надминува 51 трилион долари. Форумот, на кој присуствуваа претставници од 70 земји, е можност за промоција на турската транспортна визија и зајакнување на соработката во дигитализацијата и транзитот на стоки.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче ќе присуствува на Конгрес на СПД во Берлин и ќе има средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Следно

На Петар Богојески не му е „по ќејф“ македонското новинарство

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop