Филипче ќе присуствува на Конгрес на СПД во Берлин и ќе има средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

June 28, 2025
1 min read

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче де дека ќе присуствува на конгрес на германската Социјалдемократска партија (СПД) во Берлин, во чии рамки ќе има средба со вицеканцеларот на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и копретседател на СПД.

Како што информира СДСМ, Филипче ќе оставари и билатерални средби со европски  политичари и функционери што ќе присуствуваат на конгресот.

На конгресот, под слоган „Промената започнува со нас“, ќе се избира и новото раководство на СПД, во присуство на истакнати актуелни германски политичари и функционери, како и претседатели на социјалдемократски партии од Европа.

-Поканата за присуство на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на овој конгрес е израз на заедничката заложба за европска иднина, социјална правда и регионална соработка, засновани на вредностите на социјалдемократијата – еднаквост, солидарност и демократија, соопшти СДСМ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид ќе има нов тренер

Следно

Ердоган: Турција инвестираше 300 милијарди долари во транспортната инфраструктура

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop