Турскиот претседател ги повика силите со влијание врз Израел да не „паѓаат на играта на Нетанјаху“

June 20, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика силите кои имаат влијание врз Израел да не „паѓаат на играта на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху“, повикувајќи ги наместо тоа да го искористат своето влијание за да воспостават прекин на огнот и да донесат мир во регионот, јавува Анадолу.

„Императив е да се тргнат рацете од чкрапалото во израелско-иранскиот конфликт пред да има поголемо уништување, повеќе крв, цивилни жртви и ужасна катастрофа“, рече Ердоган во говорот пред Младинскиот форум на Организацијата за исламска соработка.

Нагласувајќи дека исламскиот свет минува низ тежок период, Ердоган истакна дека војната, конфликтот и нестабилноста фрлаат сенка врз регионите во кои живеат муслимани.

Тој рече дека и геноцидот во Газа и израелско-иранскиот конфликт, за жал, брзо се приближуваат кон точка од која нема враќање.

„Израел се пожали на штетата врз своите болници денес, а тој досега изврши над 700 напади врз здравствените установи само во Газа“, рече турскиот претседател.

Оние кои ја претвораат Газа во најголем концентрационен логор во светот и сега говорат за „воени злосторства“ не само што е недоследно, туку покажува и бесрамност и дрскост, додаде тој.

Газа веќе 21 месец трпи еден од најсрамните акти на варварство во поново време, рече Ердоган, нагласувајќи дека луѓето што стојат во редиците за дистрибуција на храна во Газа за парче леб или чинија супа се брутално таргетирани од израелските сили.

Турскиот претседател, исто така, рече дека владата на Нетанјаху е првенствено одговорна за тековниот геноцид во Газа, а оние што молчат пред овие масакри се соучесници во ова злосторство.

„И покрај тактиките на заплашување на ционистичкото лоби против мене и мојата влада, ние никогаш не се поколебавме во нашиот став и никогаш не се двоумевме да застанеме на страната на угнетените“, додаде Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светот се соочи со најголемото пробивање на податоци во историјата, откриени околу 16 милијарди кориснички информации

Следно

ТВ 24 дознава: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop