Нови напади меѓу Израел и Иран

June 19, 2025
2 mins read

Блискиот исток е далеку од диплматско решение и дескалација. Војната меѓу старите непријатели не покажува знаци на стивнување, а опасноста од нови катастрофални последици станува сè поизвесна.

Според неофицијални информации до кои дојде „Блумберг“, американските власти веќе се во состојба на готовност – сценаријата за напад врз Иран се поизвесни, воената машинерија е во чекор на активирање а претседателот Доналд Трамп испраќа загрижувачки сигнали. Тој јавно размислува за удар врз Техеран. 

,,Многу доцна е за разговор, има голема разлика помеѓу сега и пред една недела. Никој не знае што не очекува” изјавил Трамп

А додека дипломатските напори се во тек, вклучително и планираниот состанок во петок меѓу министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева, Иран и Израел непрекинато напаѓаат воени и цивилни цели. 

Експлозиите, слушнати околу 7 часот наутро по локално време, биле најмоќните од почетокот на војната, сирени за воздушен напад се огласувале низ целиот централен, северен и јужен Израел, како и во областа на Ерусалим.  Според локалните медиуми, биле испукани најмалку 25 до 30 ракети а најмалку три ракети паднале во областа Гуш Дан, додека една го погодила регионот Негев, додека пак во Бер Шева, иранска ракета погодила болница. Според првичните информации, има голем број на повредени. 

По серијата балистички напади врз израелски цивилни цели преку социјалните медиуми се огласи и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху кој се закани дека тираните од Иран скапо ќе платат.

„Терористичките тирани на Иран лансираа ракети врз болницата Сорока во Бершеба и врз цивилите во централниот дел од земјата“, напиша Нетанјаху  

Напади не изостанаа и од Изралеска страна. Израелските одбранбени сили  соопштија дека утрово по локално време извеле воздушни напади врз „клучни објекти“ кои се поврзани со иранските програми за развој на нуклеарно оружје и балистички ракети. Меѓу таргетираните локации, според Израелските одбранбени сили, се наоѓал објект за развој на нуклеарно оружје во близина на градот Натанц, нуклеарниот реактор во Арак, радарски системи и складишта за ракети, како и постројки за производство на балистички ракети и системи за воздушна одбрана. 

,,„ИДФ ќе продолжи да дејствува за елиминација на заканите и за одбрана на Државата Израел“ стои во соопштението 

Додека војната на блискиот исток се разгорува, Рускиот претседател Владимир Путин понуди да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран, велејќи дека Москва би можела да помогне во посредувањето за примирје што би му овозможило на Техеран да продолжи со мирна нуклеарна програма, а воедно да го увери Израел, кој се плаши за својата безбедноста. Путин рече дека ги презентирал предлозите на Москва на Иран, Израел и САД.

-Ние не наметнуваме ништо на никого; ние едноставно зборуваме за тоа како гледаме можен излез од ситуацијата. Но, одлуката, секако, зависи од политичкото раководство на сите овие земји, првенствено Иран и Израел“, додаде рускиот претседател.

Претходно врвовниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за „безусловно предавање“ на Иран велејќи дека  мирот или војната не можат да се наметнат на Исламската република и ги предупреди Соединетите Американски Држави да се држат настрана од конфликтот. 

„Иранската нација не е од оние што се предаваат. Американците треба да знаат дека секое воено вклучување на САД несомнено ќе резултира со непоправлива штета за нив” изјавил Хамнеи. 

Инаку, деескалацијата на Блискиот исток предизвика големи пореметување на светската економија, а се очекува потрес на светските берзи и стоковиот пазар. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути

Следно

Храната во Албанија е поскапа од земјите во ЕУ

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop