НАМЕСТО ВО ЈУЛИ, ФЕСТИВАЛОТ СИНЕДЕЈС ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ДЕКЕМВРИ

June 19, 2025
2 mins read

Наместо во јули, 24. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс во Скопје, во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи во декември.

Извори од МКЦ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека поместувањето е направено бидејќи доцна ги добиле резултатите за одобрените пари од Агенцијата за филм. Оттаму велат дека Конкурсот за поддршка на фестивалите бил распишан со два месеца задоцнување, во февруари оваа година. Резултатите од Агенцијата беа објавени дури во мај. Тоа, велат нашите извори, остава простор од само еден месец за планирање на програмата, трошоците, покана на гости и планирање за реализација на буџетот.

Официјалната одлука за одобрување на средствата стигнала на 13 јуни, што е единствениот формален документ врз основа на кој треба да се испрати барање до Агенцијата за склучување договор.

„Фестивалот беше закажан да започне на 5 јули. Со тоа, реално е невозможно да се организира сериозен фестивал кој држи до стандарди во само 10 дена. Дури и да се склучи договор денес со Агенцијата за филм нема гаранција дека 80% од буџетот за фестивалот ќе биде достапен на сметката на МКЦ, со што би се платиле лиценците за филмови, за да може да ги добиеме за прикажување. Во таква целосна неизвесност, единствено решение беше да се премести фестивалот за крајот на оваа година, во декември, иако и тогаш нема никаква гаранција дека одобрените средства ќе ни бидат на располагање“, велат нашите извори.

Сѐ до коронакризата, Синедејс вообичаено се одржуваше во ноември. Поради рестрикциите и мерките, Синедејс од 2020 беше преместен да се одржува во летниот период.

Сега, декември е одбран намерно, бидејќи сите фестивали во Македонија, вклучително и останатите фестивали во организација на МКЦ како Здраво млади и 50-годишнината од фестивалот Млад отворен театар (МОТ), се одржуваат во периодот од септември до ноември.

„Голем проблем се и капацитетите со кои располагаме, знаејќи дека ДСП проекторот во кино Милениум е надвор од функција од 2023 година, а киното не работи од април годинава. Така, на располагање се само кината Фросина и Кинотека, кои не се доволни за реализација на ваков сериозен филмски фестивал со традиција во главниот град на државата“, велат изворите од МКЦ.

Директорот на МКЦ Арбен Бени Шаќири не одговори на нашите прашања за поместувањето, ниту дали има новости за состојбата на киното Милениум.

Киното од 2 април не работи, а на 4 јуни Шаќири ни рече дека е моментално затворено поради безбедносни причини поради прокиснување на кровот на неколку места и дека тоа е проблем кој се провлекува подолго време.

„За ова се известени сите релевантни инстанци, од Управен одбор до Надзорен одбор како и Управата на ГТЦ кои се исклучиво надлежни за интервенција на тие позиции! Јас, како раководно лице не сакам да дозволам никој да настрада во киното за каков било настан и да се работи, и настојувам да се интервенира на поправка на кровот како би можеле да продолжиме со нормално функционирање на киното! Искрено се надевам дека проблемот ќе биде надминат час поскоро“, ни рече Шаќири.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикатот на МАНАВ: Стоп на непотребни партиски кадри

Следно

Групна изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“ во Националната галерија

Latest from Blog

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот
Go toTop