Онколошките пациенти со денови без терапија

June 17, 2025
1 min read

Онколошките пациенти повторно се соочуваат со недостиг на дел од таблетите кои ги земаат за борба против ракот. Станува збор за терапијата која според најавите требаше да биде достапна во сите аптеки низ државата за да не мора пациентите да се мачат да доаѓаат до Скопје за да ја подигнат.

Но не само што не е реализирана најавата, тука деновиве дел од таблетите воопшто ги нема. Менаџментот на клиниката за онкологија вели дека проблемот е кај дистрибутерите, но очекува деновиве да пристигнат, по што ќе ги известат пациентите.  

ХИБРИД – Д-р Игор Стојковски – Директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија 00.49-01.21 

„Тоа се лекови кои треба да се префрлат на позитивната аптекарска листа, Фондот и министерството работат на таа проблематика. Во меѓувреме ниенаправивме нарачка би требало деновиве да се испорачаат од страна на дистрбутерот, едниот е завршен, а другиот ќе го имаме деновиве, но тие се заменливи лекови со тоа што би требало овие денови да го достави дистрибутерот, ќе бидат известени пациентите, тоа е орална терапија, таблетарна“

Во меѓувреме се скенираат условите во регионалните болници за да се види дали ќе може дел од пациентите, да ја примаат онколошката терапија поблиску до местото на живеење, наместо да доаѓаат до Скопје. Но предизвиците ќе бидат големи.. Во штипската болница ќе треба не само адаптација на просторот туку и зајакнување на кадарот бидејќи само еден онколог работи таму.

ХИБРИД – Д-р Игор Стојковски – Директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија 02.31-03.04

„Проблемите се таму и просторни и кадровски. За просторните ни беше покажано од менаџментот на клиникита некои простории кои би можеле за релативно брзо време да се адаптираат, што би биле некој тип на дневна болница за примање терапија, останува пак кадровскиот проблем бидејќи има таму само еден онколог, па пак ќе треба некој тип на соработка со клиниката за радиотерапија и онкологија“. 

И додека борбата за за навремена терапија и системски промени на онколошките пациенти продолжува, скандалот за случајот со онкологија влегува во судсница.  Првото рочиште е закажано на 11-ти јули.

Судскиот процес ќе треба да утврди одговорност за лекувањето и злоупотребите со терапиите за кои обвинителството поднесе обвинителен акт против двајцата поранешни директори Нино Васев и Нехат Нухи како и против тројца онколози од клиниката. Паралелно како што веќе најави во 24 анализа државниот јавен обвинител можно е и отворање на нова истрага која би ги опфатила и тендерите и системот на јавни набавки на терапии и лекови.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Токио под екстремен топлотен бран со температури блиску до рекордот за јуни

Следно

Блискиот Исток во пламен – блиску ли е Иран до нуклеарна бомба?

Latest from Blog

Димовски: Компаниите во ТИРЗ со поголеми плати, извоз и буџетски придонеси

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, соопшти дека компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година бележат значителен раст на повеќе економски

Европската држава размислува за ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА 70 КМ/Ч поради можен недостиг на гориво

Намалувањето на брзината и ограничувањето на возењето во густо населени подрачја би можело да биде начин за намалување на потрошувачката на гориво. Шведска би можела да воведе итни мерки поради евентуален недостиг

Мај и јуни во знакот на фестивали: Вино, гастрономија и концерти на секој чекор

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава носи силна фестивалска

Почнува фестивалската сезона: мај и јуни во знакот на вино, храна и музика

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава
Go toTop