Трамп: Го повикувам Иран на преговори пред да биде предоцна

June 17, 2025
1 min read

Знам дека Иран всушност веќе е на преговарачката маса и сака да постигне договор, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите за време на самитот на Г7 во Канада.

Американски медиуми известуваат дека Трамп бил доста нејасен во врска со своите изјави, како и во врска со темата за ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.

-Договорот ќе биде брзо потпишан. Штом ќе заминам од тука, ќе направиме нешто. Го поканувам Иран да преговара што е можно поскоро, ги поканувам пред да биде предоцна. Работата е јасна, Иран не смее да има нуклеарно оружје, рече Трамп на собирот на шефовите на седум земји, чии домаќин се Канада, и каде се САД, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Јапонија.

Неколку теми на самитот создадоа раскол меѓу лидерите, вклучувајќи ја и агресијата на Русија кон Украина. Додека Европејците бараат построги санкции против Русија, особено во врска со руската нафта, Доналд Трамп е сè уште на другата страна.

-Мора да почекате. Санкциите не се толку едноставни, рече Трамп.

За време на работниот состанок, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Кир Стармер го повикаа американскиот претседател Трамп да ја ограничи тековната царинска војна, нагласувајќи дека Кина има најголема предност од сите моментални тензии.

Порано од планираното, Трамп ќе ја напушти Канада и самитот, а причината се „голем број важни прашања поврзани со Блискиот Исток“, како што објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претор – најсончевата страна на Преспанско Езеро

Следно

Во Солун уапсени Бугари што оставиле бебе да плаче на балкон

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop