Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад

June 17, 2025
1 min read

Стотина полицајци се распоредени од ноќеска пред Собранието на Нови Сад каде утрово имаше тензии кога полицијата почна да ги турка граѓаните собрани во блокадата. Еден студент е повреден, а друг беше приведен.
Полицијата интервенираше за вработените да влезат во зградата.

Околу 6 часот утрово, полицијата ги оттурна собраните демонстранти пред Собранието на Нови Сад, за да можат претставниците на локалнитевласти да влезат внатре. Како што објави ТВ Нова, еден студент  е повреден, а еден е приведен. Повредениот студент беше однесен со амбулантно возило.

Ситуацијата во моментот (околу 7 часот) е мирна, а пред зградата има полициски кордон.
Собири на градот Нови Сад синоќа гласаа за време на блокада  за блокирање наработата на  Градското собрание. Тие бараа за денеска да присуствуваат на седницата , но не им бешпе дозволено. Неколку трактори го блокираа влезот пред зградата на Градското собрание на Нови Сад.

Студентите во блокада доцна синоќа ги повикаа граѓаните да дојдат пред Собранието на Нови Сад во голем број и да ја поддржат блокадата на зградата на градскиот парламент. Седницата е закажана за денеска во 10 часот наутро. Студентите потсетуваат дека доколку закажаната седница не се одржи денеска, во градот ќе биде воведена принудна администрација, што значи дека локалните избори ќе мора да се одржат во следните два месеца. 

„Значи, ако успееме да ги спречиме да влезат во собранието… ќе имаме избори за локалните заедници. Ние, граѓаните на Нови Сад, се прашуваме“, објавија тие на социјални мрежи пред блокадата. зш/

Студентите од неколку факултети во Нови Сад, исто така, повикаа на блокада.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

Следно

Метео прогноза: Попладне не очекува невреме

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop