Турција ја потврди поддршката за дипломатски разговори за нуклеарната програма на Иран

June 16, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Од самиот почеток, Турција се залагаше разговорите за иранската нуклеарна програма да се одржат на преговарачка маса, и тоа е истиот став и денес, истакна денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Ердоган имаше свое обраќање до нацијата по состанокот на Кабинетот.

Тој нагласи дека Турција вложува интензивни дипломатски напори, и тој лично и преку министерот за надворешни работи, за да ги запре судирите во израелско-иранскиот конфликт.

„Јасно ги информиравме нашите колеги дека Турција е подготвена да направи сè што се бара од нас (во врска со израелско-иранскиот конфликт), вклучително и посредување“, рече турскиот претседател.

Станува сè појасно дека нападите на Израел, започнати под изговор дека се насочени кон нуклеарните постројки на Иран, има далекусежни, подмолни цели, додаде Ердоган.

„Со секој чин на угнетување, секоја капка пролеана крв и секое злосторство против човештвото, Израел постепено го загрозува сопственото постоење и иднината на нацијата“, додаде тој.

„Секој чекор преземен во нашиот регион без да се земе предвид реалноста води кон понатамошни катастрофи. Овие катастрофи обично резултираат со пад на тираните“, предупреди турскиот претседател.

Израел, „кој ја уништи Газа и го малтретира регионот“, можеби ќе ја сфати својата грешка предоцна, истакна тој.

Осврнувајќи се на напредокот на одбранбената индустрија на Турција, Ердоган рече дека во светлината на најновите случувања, Анкара прави производствени планови со цел да ги доведе своите залихи на ракети со краток и долг дострел до ниво за одвраќање.

„Наскоро, ќе имаме одбранбен капацитет што никој нема да се осмели да го предизвика“, рече турскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорческа ги мина квалификациите на турнирот во Загреб

Следно

Лабовиќ во Аргумент плус: Не се плашам од конкуренција, очекувам објективни критериуми за изборот на академик на МАНУ

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop