Вработувања во контролата на летање – по еден советник за секој директор – синдикатот револтиран

June 16, 2025
1 min read

Нов оглас за вработување на кадри со завршено средно но и за советници со завршено високо образование, објави во петокот Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ. 

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски за телевизија 24 вели дека ваквите вработувања не се потребни бидејќи веќе има доволно кадар. Објасни дека потребно е вработување на професионалци утврдени преку независна студија за која, како што рече, менаџерскиот тим нема слух. 

ТЕЛОП Александар Тасевски, претседател на Синдикат на контролори на летање

„Бараме да има функционална анализа и тоа беше договорот со ланската Спогодба со која се договоривме да се направи независна студија за тоа дали во М-НАВ се потребни нови вработувања, какви кадри се потребни и во кои сектори фалат стручни вработувања. Очигледно дека менаџментот нема желба да го направи тоа бидејќи така ќе им се затворат желботеките за вработување. Ние бараме професионалци а не она што тие го носат“

Огласот објавен на веб страната на М-НАВ, со согласност од Министерството за финансии, покажува дека ќе се вработуваат оператор со 4 – ти степен средно образование во национален центар за трансмисија на податоци, авторизација и надзор на летови. Плата ќе му биде околу 66 000 денари. Двајца кандидати без работно искуство во одделот за воздухополновни информации со плата од околу 50 000 денари. Ќе се вработуваат и помошници со завршено високо образование за развој на инвестициски набаваки со плата од околу 99 000 денари како и техничар за климатизација и техничко одржување со плата од околу 50 000 денари.

Дополнително, ќе се вработуваат и самостоен советник за правни работи и самостоен советник во Одделение за општи работи во сектор за финансиски работи. Платата ќе им биде околу од 65 000 денари.

ТЕЛОП 1: 

Оператор во национален центар за трансмисија                   66.269 денари – нето

Двајца кандидати –  за воздухополновни информации        51 325 денари – нето

Помошници за развој на инвестициски набаваки                  99 621 денари – нето

Техничар за климатизација и техничко одржување               50,179 денари – нето

 

ТЕЛОП 2:

Советник за правни работи                                                            65,899 денари – нето

Советник во Одделение за општи работи                                  65,899 денари – нето

Синдикатот на контролори на летање минатата година организираа протести против претходното раководство, 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калес Вахид нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Следно

Сиљановска-Давкова порача од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop