Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелски напад насочен кон цивили кои чекаат хуманитарна помош во Газа

June 14, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 15 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во напад на Израел врз цивили кои чекале на местото за дистрибуција на хуманитарна помош во централниот дел од Појасот Газа, известува Анадолу.

Според очевидците, израелски воени возила и беспилотни летала отвориле директно оган врз гладните и жедни цивили кои се собрале да добијат хуманитарна помош.

Нападот се случил во близина на дистрибутивен центар поставен за доделување хуманитарна помош во Коридорот Нецарим во централна Газа.

И здравствените извори објавија дека најмалку 15 лица се убиени, а голем број се сериозно повредени во нападот од страна на Израел.

Од 27 мај, Израел спроведува таканаречена дистрибуција на помош, надвор од надзорот на Обединетите нации и меѓународните организации за помош, користејќи ја „Фондацијата за хуманитарна помош во Газа“, предводена од САД и Израел.

Сепак, оваа структура не е признаена од ОН и е отфрлена од палестинските групи. Хамас го опишува овој систем како „стапици на смртта“.

Израел ги држи затворени сите копнени гранични премини кон Појасот Газа од 2 март. Додека на стотици камиони со хуманитарна помош се спречени да влезат во палестинската енклава, само ограничен број возила можат да поминат низ граничниот премин Керем Абу Салим, иако на Газа ѝ се потребни најмалку 500 камиони со помош дневно.

Нападите на Израел врз Газа од 7 октомври 2023 година резултираа со голема хуманитарна катастрофа поради интензивно бомбардирање, изгладување, присилно раселување и уништување на инфраструктурата. И покрај повиците за прекин на огнот од меѓународната заедница и Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжуваат со нападите со несмален интензитет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен тетовец – фрлил дрога низ прозор и се однесувал агресивно кон полицијата!

Следно

Фуксе Берлин по историско финале, Барса по доминација!

Latest from Blog

Берзата денес со промет од над 7,2 милиони денари: раст на МБИ10, најактивни банкарските акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 20.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.917,92 поени и забележа раст од 0,48%, односно 47,59 поени, додека

Се сменија квотите на обложувалниците: Сега Манчестер Сити е прв фаворит за титулата

фото: Manchester City (X) По вчерашната победа над Арсенал од 2:1, најголемите светски букмејкери веруваат дека Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата. Тимот на Пеп Гвардиола го победи Арсенал на домашен

Комерцијална банка Скопје (KMB), Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) и Макпетрол Скопје (MPT) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,48%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 20.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.917,92 поени и забележа раст од 0,48%, односно 47,59 поени, додека

ВЛЕН: ДУИ наместо граѓаните, ги штити своите функционери

Политичката коалиција ВЛЕН со остра реакција ја обвини Демократската унија за интеграција дека наместо да ги штити интересите на граѓаните, ги брани, како што велат, „криминалците блиски до раководството“. Во реакцијата се
Go toTop