Приведен тетовец – фрлил дрога низ прозор и се однесувал агресивно кон полицијата!

June 14, 2025
1 min read

На 13.06.2025 година 23,30 часот на крстосницата на улиците .„Љуботенска“ и „Киро Ристовски Дрнц“ полициски службеници од Полициската станица Тетово со средства за присилба го лишиле од слобода Р.К. (37) од село Порој, а по претходно добиени оперативни сознанија за недозволена трговија со дрога.

Имено Р.К. управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ на даден знак стоп не го сопрел возилото со зголемена брзина се дал во бегство и од прозорот фрлил кесички со бела прашкаста материја.

Во тој момент полицискиот службеник од службен пиштол испукал два предупредувачки куршуми во воздух, и Р.К. го сопрел возилото но започнал агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што биле употребени средства за присилба лисици.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има ли кој да го чуе училишното ѕвонче?

Следно

Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелски напад насочен кон цивили кои чекаат хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

Пријателски: Брегот на Слоновата Коска ја шокира Франција, Шпанија – Ирак 1:1!

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ И вечерва се одиграа неколку пријателски натпревари во пресрет на стартот на СП, сепак во преден план беше дуелот во Нант меѓу Франција и Брегот на Слоновата Коска. Овој меч во

Писмо од Зеленски за преговори, а ова е БРЗИОТ ОДГОВОР ОД МОСКВА

Рускиот претседател Владимир Путин денес, по писмото од украинскиот претседател Зеленски кој предлага мировни договори и прекин на војната на сегашната линија на фронтот,  веднаш даде изјава дека Русија е подготвена и

Нападнати здравствени работници во Конго среде епидемија на ебола- украле тело на починат

Жителите нападнаа тим за безбеден погреб во покраината Јужен Киву во Демократска Република Конго оваа недела, принудувајќи ги здравствените работници да го остават ковчегот зад себе, предизвикувајќи страв од понатамошно ширење на
Go toTop