Нема преживеани во тешка авионската несрeќа во Индија, падна авион со 240 патници

June 12, 2025
1 min read

Авион на Ер Индија, се урна при полетување од меѓународниот аеродром во Ахмедабад, на пат кон Лондон. Според информациите во авинот имало над 240 патници за кои полицијата кажа дека се верува оти нема преживеани.

Семејствата на патниците прашуваат како дошло до оваа трагедија бидејки Боингот 787 „Дримлајнер“според експертите важи за еден од најмодерните патнички авиони.  

– Јас бев дома. Наеднаш слушнав огромна бучава, како да имаше земјотрес. Излегов надвор и видов многу час. Не знаев дека паднал авион. Кога дојдов тука, дознав за тоа“. – Што видовте? – Видов остатоци од авионот. Многу мртви тела“. 

На летот АИ171 имало 242 лица, вклучувајќи два пилоти и уште 10 лица од екипажот на авионот. 169 лица биле индијци, 53 биле британци, седум се португалци и еден канаѓанец – меѓу патниците 217 се возрасни, а имало и 11 деца, според информациите од Ер Индија. 

Се огласи и индискиот премиер Нарендра Моди, која на икс мрежата напиша дека оваа трагедија го шокираше светот.

– Трагедијата во Ахмедабад нè шокираше и нè растажи. Тоа е срцекршачко, неописливо. Во овој тажен час, моите мисли се со сите погодени од неа. Бев во контакт со министрите и властите кои работат на помагање на погодените. – Нарендра Моди-премиер на Индија.

Сочуство пристигна и од Британското семејство и од Британскиот премиер Кеир Страмер кој кажа дека неговите мисли се со патниците и нивните најблиски, нагласувајќи ги траорните сцени од несреќата..Тим од американски истражители  ќе патуваат во Индија за да му помогнат на Бирото за истрага на несреќи со авиони во откривање на причините за оваа несреќа.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведените турски државјани Орду и Ачар од Израел, кои беа на бродот „Мадлин“, се ослободени и ја напуштија земјата

Следно

Училиште во Селце со средновековни услови – новата зграда почна да се гради, но сѐ уште не е завршена

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop