Индиски авион со 244 патници се урна врз хостел за лекари

June 12, 2025
1 min read

Авион на „Ер Индија“ во кој имало 244 патници со лет кон Лондон се урна денеска кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад. Патничкиот авион се урна во областа Меганинагар, предизвикувајќи паника и хаос на земјата.

Патничкиот авион Боинг 787-8 падна врз хостел за лекари. Авионот се урна во зграда која е хостел за лекари, потврди портпаролот на полицијата Џаипал Синг Раторе. Зградата е студентски дом на медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините.

Според официјалните информации во авионот имало 232 патници и 12 членови на екипажот. Авионот од Ахмедабад летал за Лондон. И полицијата потврди дека во авионот имало 244 лица.

Густи облаци од чад се издигаа од местото на несреќата и се видливи од голема далечина.

Службите за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, веднаш биле испратени на местото на катастрофата и во тек е операција за спасување.

Состојбата на патниците и екипажот во моментов е непозната. Несреќата се случила кратко по полетувањето на авионот, под засега нејазни околности. Во тек е операција за пребарување и спасување за пронаоѓање и евакуирање на ебентуално преживеани.

Ер Индија потврди дека нивниот лет 171 од западниот град Ахмедабад до Лондон Гетвик се урна во „трагична несреќа“.

„Со длабока тага потврдувам дека летот 171 на Ер Индија,  од Ахмедабад до Лондон Гетвик, денеска имаше трагична несреќа“, изјави претседателот на Ер Индија, Натараџан Чандрасекаран.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Што ѝ носи летото на Македонија?

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop