СДСМ: Мицковски навечер ги навредува родителите, наутро вели „заедно сме“

June 10, 2025
1 min read

Мицкоски е невиден лицемер, навечер ги навредува родителите, нарекувајќи ги политичка партија, а наутро вели „заедно сме“.

Врв на ароганција и дволичност тоа што Мицкоски ја демонстрира не само кон родителите во Кочани, туку и кон сите граѓани кои се сè уште во шок по трагедијата што ја зави Македонија во црно.

На партиски митинг, навечер, од петни жили ги етикетира родителите како партиски инструменти. Веќе следното утро, се обидува да ги правда со празни фрази и декларативна „поддршка“. Очигледно, Мицкоски е изгубен во сопствената реторика — без компас, без стабилност, во постојана внатрешна криза. Кога виде дека со закани не постигнува ништо, премина на манипулација и барање разбирање. Дели лажни ветувања надевајќи се дека ќе го амортизира гневот на народот.

Цела Македонија е згрозена. Односот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон трагедијата и семејствата на загинатите е срам за секој што се нарекува лидер. Не поддржа закон за финансиска помош. Не понуди елементарни услови за лекување. Ги заштити од прогон сите негови партиски функционери. Не најде сила да ги погледне луѓето во очи и да се соочи со реалноста пред Собранието. Со еден збор — кукавица.

Од луѓе како Мицкоски, кои немаат грам емпатија дури ни во вакви тешки моменти, Македонија не може да очекува ништо добро. За него, манипулациите, поделбите и навредите се алатки за одбрана на личниот рејтинг — наместо да покаже човечност, одговорност и лидерство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп испрати маринци во Лос Анџелес

Следно

Филипче: СДСМ реши децениски проблем со Грција, владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака да одиме напред кон евринтегративниот процес

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop