„Бог нека ги отвори границите, нека ги сруши ѕидовите“, рече папата Лав XIV критикувајќи ги националистичките политики

June 8, 2025
1 min read

САРАЕВО (АА) – Папата Лав XIV денес ја критикуваше појавата на националистички политички движења во светот, нарекувајќи ги жални, но не именуваше ниту една земја или поединец, пренесува Анадолу.

Папата Лав XIV го кажа тоа на миса пред десетици илјади верници на плоштадот Свети Петар и се помоли Господ да ги отвори границите, да ги сруши ѕидовите и да ја растера омразата, известува ХИНА.

„Нема место за предрасуди, безбедносни зони што нè одделуваат од нашите соседи, за ексклузивното размислување што, за жал, сега се појавува во политичките национализми“, рече тој додека ја водеше мисата на празникот Педесетница (Духовден), еден од најважните црковни празници.

Папата Лав XIV е поранешен кардинал Роберт Превост, кој беше избран на 8 мај за наследник на папата Франциск на чело на Римокатоличката црква и Ватикан.

Пред да стане папа, Превост не се воздржуваше од критикување на американскиот претседател Доналд Трамп, споделувајќи бројни објави во кои изразува несогласување со Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс на социјалните мрежи во текот на изминатите неколку години.

И папата Франциск беше остар критичар на Трамп. Во јануари, тој ја нарече за срамна најавата на Трамп за депортирање на милиони мигранти од САД. Во еден момент, тој дури рече и дека Трамп „не е христијанин“ поради неговите ставови за имиграцијата.

„Лице кое размислува само за градење ѕидови, какви и да се тие, а не за градење мостови, не е христијанин“, рече папата Франциск за Трамп во 2016 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МВР ги демантира тврдењата за „софтвер за шпионажа“ – станува збор за форензички алатки

Следно

Ван Гал: Манчестер јунајтед е комерцијален, а не фудбалски клуб

Latest from Blog

Кога страста и заљубеноста ќе поминат, еве кои особини мажите никогаш не ги забораваат кај жените

Машко-женските односи честопати делуваат комплицирано, вистинската поврзаност помеѓу мажите и жените не почива на големи гестови и површински особини. Љубовта што трае не се заснова на минливиот изглед, ниту на тоа колку

Хаос во Белград: Масовна тепачка меѓу српските навивачи (ВИДЕО)

Убедливата победа на Англија од 5-0 над Србија во Белград беше засенета од срамни сцени на трибините, каде што полицијата мораше да интервенира поради масовна тепачка меѓу домашните навивачи. Додека Англичаните доминираа

Поранешниот премиер на Тајланд и најбогатиот црногорски државјанин оди во затвор

Врховниот суд на Тајланд објави дека поранешниот премиер Таксин Шинаватра мора да отслужи едногодишна затворска казна за претходни пресуди за корупција и злоупотреба на службената должност. 72-годишниот Шинаватра, кого црногорските медиуми го

Денес е преподобен Мојсеј Мурин

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 август. Преподобен Мојсеј Мурин Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше разбојник и водач на разбојничка дружина. Потоа покајник
Go toTop