Локализиран пожарот во село Пелинце

June 7, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 14:16 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано Мало Миџунци. Според пријавата, била зафатена сува трева и дел од нискостеблеста шума, а пожарот за многу кратко време се проширил и навлегол во селото при што била опожарена една куќа. Дополнително било посочено дека во селото живеат неколку повозрасни лица поради што веднаш била побарана итна интервенција.

Како што наведува ЦУК, по интервенцијата на ТППЕ Старо Нагоричане пожарот за неполн час бил локализиран.

– ЦУК веднаш ги извести надлежните служби: Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Национални шуми – Подружница Куманово. Благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот беше локализиран за неполн час од страна на ТППЕ Старо Нагоричане. Екипите на терен се подготвени за повлекување, објави ЦУК на Фејсбук. 

ЦУК апелира до граѓаните да бидат претпазливи при движење во природа и да не палат оган на отворено со цел спречување на вакви инциденти.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Англија едвај ја победи Андора, Кејн го постигна единствениот гол

Следно

Евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop