Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

June 7, 2025
1 min read

Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526 што ја отвора Владата ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.

-Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, која ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства. Телефонскиот број е нов канал за директна комуникација со повредените и нивните семејства, реле на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Таа додаде дека во првата фаза, ги повикуваат сите повредени и нивните семејства да се јават, да ги изнесат своите барања, предлози и конкретни потреби кои ги имаат.

-Оваа линија нема да биде само контакт – туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање, и со персонализиран пристап за секој случај, рече Митева.

Владината портпаролка појасни дека преземањето на овие активности е резултат на директна комуникација на терен, особено од страна на работната група за евалуација на повредените, која во изминатиот период работела во непосреден контакт со семејствата и со медицинските тимови. 

-Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни, рече Митева додавајќи дека затоа почнуваат со нова активност, во насока на ветената континуирана поддршка на повредените и семејствата. 
  
Новите чекори кои се преземаат, додаде, се затоа што оваа Влада верува дека поддршката не смее да биде еднократна, туку да биде процес.

-Знаеме дека здравствената и психолошката состојба на повредените се менува секој ден – и дека пред сè, им беше потребно време да се посветат на своето закрепнување. Кога се во состојба на закрепнување и имаат нови барања и потреби ние сме целосно подготвени да им излеземе во пресрет за сите останати состојби со структуриран, отворен и достапен механизам, појасни владината портпаролка.

Гледаме, додаде таа, да бидеме брзи и ефикасни и најбрзо да помогнеме онаму каде можеме. Битно е преку телефонската линија во прва фаза да ги соберат и сублимираат сите барања и да ги проследат веднаш до институциите кои се надлежни и тие да ги решат во најкус можен рок.

Митева вели дека како Влада не исклучуваат следни чекори како отворена канцеларија, или пак подобрување на условите во кочанската болница за повредеите да не мора за сите интервенции да доаѓаат во Скопје.

-Ова е исто така тема на дискусија која ја имаме во рамки на Владата и е резултат на информации од работната група која ги евалуира состојбите и за многу скоро од денеска ќе објавиме и план како сето ова треба да се реши, рече Митева.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Четири исцрпени младенчиња на волк земени под заштита во Ван, Турција

Следно

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Latest from Blog

Оклахома: Осуммина повредени во несреќа со училишен автобус

Најмалку осум лица, од кои пет ученици, се повредени во несреќа во која учествувал училишен автобус кој превезувал софтбол тим во американската држава Оклахома, соопшти денес полицијата. Несреќата се случила на автопатот,

Земјотрес прекина прес-конференција во Атина

Прес-конференцијата на грчкиот селектор Иван Јовановиќ беше сосема необична. Грците претрпеа тежок пораз од Данска во Атина (3:0), а за време на говорот на српскиот стручњак беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар беше

Писториус: Германија и доставува на Украина два комплетни системи „Патриот“

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес изјави дека Германија пренесува два комплетни системи „Патриот“ во Украина, и, како што изјави, првите системи за лансирање веќе се во Украина. „Покрај континуираната испорака

Муцунски на средби во Стразбур: Потврдена посветеноста на Македонија кон демократијата и човековите права

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска остварил одвоени средби со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу,
Go toTop