„Пукна тиквата“ меѓу Трамп и Маск: „Лудиот“ Маск и „убиство“ на законот за даноци на Трамп

June 6, 2025
1 min read

Кратко траеше љубовта меѓу двајца од најмоќните луѓе на светот. По неполни шест месеци, дојде крајот на соработката меѓу Доналд Трамп и Илон Маск. А само 24 часа беа доволни од некогаш најблиски соработници да станат главни непријатели.

Вербалниот судир започна откако Трамп порача дека е разочаран од критиките на Маск за новиот закон за буџетот. 

„Илон и јас имавме одличен однос, не знам дали и натаму ќе го имаме.“ – објави Трамп, на што Маск му возврати дека е неблагодарен, бидејќи без него никогаш немало да стане претседател.

„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите, демократите ќе го контролираа Претставничкиот дом, а републиканците ќе беа 51-49 во Сенатот.“ – Илон Маск.

Во низата обвинувања кои си ги испратија преку социјалните медиуми, технолошкиот милијардер откри дека името на американскиот претседател се споменува во досиејата поврзани со финансиерот и сексуален престапник Џефри Епштајн.

„Време е да се фрли навистина големата бомба: Доналд Трамп е во досиејата на Епштајн. Тоа е вистинската причина зошто тие не се објавени. Имајте убав ден, ДЈТ!“ – Илон Маск.

Размената на обвинувања продолжи и откако Трамп изјави дека е многу разочаран од маск, кого претходно го нарече напорен и тврди дека самиот го повикал да се повлече од функцијата „специјален владин службеник“, како и дека ја укинал обврската за задолжително купување на електрични возила. Веднаш по објавата, Акциите на „Тесла“ паднаа за 14%, губејќи 150 милијарди долари од пазарната вредност.

„Илон ми стана здодевен, го замолив да си замине, го укинав неговиот мандат за електрични возила што никој не го сакаше.“ – Доналд Трамп.

Илон Маск вложи 250 милиони долари во претседателската кампања на Трамп за потоа да стане стана еден од неговите најблиски советници и шеф на новоформираниот оддел за владина ефикасност, кој ги предводеше напорите за намалување на администрацијата и сојузните трошоци.

Успеа да го намали бројот на вработени и да ги скрати трошоците, но администрацијата се соочи со илјадници тужби..А додека Маск се посвети на работата во белата куќа, вредноста на неговите компнии постепено паѓаше. Најмногу на удар се најде компнијата Тесла каде беа откажани илјадници нарачки за нови автомобили, многумина сами си ги уништија возилата а на удар се најдоа десетици салони на Тесла ширум САД.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

24 репортажа: Мариово празно и туристички неискористено

Следно

Баерн Минхен на Милан му нуди 60 милиони, плус да си одбере еден играч во замена за Леао

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop