Кузеска за Кочани – Власта организирано ги штити виновниците

June 5, 2025
2 mins read

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени, изјави на прес-конференцијата, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Мицкоски и Тошковски прават се за да ги прикријат трагите и непосредната одговорност на оние кои кобната вечер донеле одлука да се затворат вратите на дискотеката што непосредно придонеле да има толкав број на жртви од оваа трагедија.

Власта се обидува да ги заштити и оние кои биле должни да ја затворат дискотеката која кобната вечер работела без никаков документ во целост надвор од законските рамки и прописи и покрај фактот што јавно било објавено дека таа вечер во овој објект се организира забава.

Не само што власта на Мицкоски ги штити полициските службеници кои се срам за униформата туку и одбива да одговори на конкретни прашања на медиумите поврзани со оперативниот план таа вечер.

Како е можно и од кои причини оперативниот план за акциската контрола на повеќе локали низ Македонија меѓу кои и дискотеката Пулс да биде класифицирана информација, 3 месеци после спроведувањето на акцијата?

МВР крие и кои биле оперативните процедури кои ги наложувала оперативната акција, односно крие кој ја дал наредбата да бидат затворени вратите на дискотеката Пулс, чин кој одзел драгоцени минути и секунди кои би значел спасен живот повеќе.

Власта крие и кој ја дал наредбата да се спроведе акциска контрола во објект кој не смеел да биде отворен таа вечер затоа што немал никаква дозвола за работа, акциска контрола во која еден полициски службеник го загуби својот живот.

Дали власта го штити началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски и дали тој ја дал наредбата да се прави акциска контрола на објект кој воопшто таа вечер не смеел да работи.

Дали власта го штити Салтировски чиј адвокат бил лично министерот Тошковски? Дали Мицкоски го штити Салтировски затоа што е во кумовски врски со Орце Тодоровски Ефто кој е бизнис партнер во хидроцентралите на Мицкоски?

Дали МВР ги класифицирале овие документи затоа што потпис и наредба да се затворат вратите на дискотеката Пулс спротивно на стандардните оперативни процедури при акциска контрола ставил токму Салтировски?

Нема одговорност ниту за Драган Казак Петрушев кој спровел наредба спротивна на стандардната оперативна процедура и ги затворил вратите на дискотеката.

Нема одговорност ниту за началничката на економски криминал Кристина Јованова која дозволила да организира забави со стотици присутни, фирма со блокирана сметка повеќе од 200 дена која не можела да исплаќа плати и обврски кон добавувачи.

Јованова не само што дозволила фирмата да работи во целост на црно со исплати во кеш без фискални сметки туку и самата редовно ја посетувала истата.

Нема одговорност ниту за Томо Донев кој е началник на криминалистичката полиција во Кочани во моментот кога се случува пожарот во дискотеката Пулс.

Како е можно Донев да не знае дека редовно во единствената дискотека во градот се употребува пиротехника и да не постапи соогласно Закон и да побара лиценца за истата?

Трагедијата во Кочани е масовно убиство со потпис на државата, потпис на власта која прави се за да се спаси од одговорност за смртта на 62-ца млади луѓе!

Обвинителството констатирало во истрагата дека ММММ ДООЕЛ немало дозвола за употреба на пиротехника, ниту имало лице со дозвола за ракување на пиротехника, зошто нема одговорност за инспекторите надлежни за надзор на пиротехниката?

Зошто се крие името на фирмата која на црно увезувала пиротехнички средства?

Дали се крие кој се потпишал на оперативната наредба спротивна на стандардните оперативни процедури со што било наредено да се затворат вратите?

Дали се работело спротивно на стандардни оперативни процедури?

СДСМ нема да дозволи никој да ја заташка истрагата за трагедијата во Пулс. СДСМ продолжува со Вистината за Кочани“, вели Кузеска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватска го враќа задолжителниот воен рок од 2026 година

Следно

Разговара ли ВРЕДИ со Тачи? Меџити: Главно со пратеници од Европскиот фронт, но не исклучувам никого

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop