Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

June 4, 2025
1 min read

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди за МИА дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци. 

 – Да, секако ќе се организираме утре за надзор, вака попладнево одговорија од Државен санитарен и здравствен инспекторат за МИА, во врска со смртта на тригодишно детенце од Кавадарци, чии родители во изјава за МИА рекоа дека бараат да се испита можно постоење на лекарска грешка. 

Родителите на момченцето од Кавадарци кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники, ги повикуваат надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нивното детенце.

– Сабајлето во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно. Затоа бараме да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта, ни почина во рацете,  рече таткото Тони Стојанов во изјава за МИА.

Како што претходно соопштија од полицијата, тригодишното детенце било починато донесено на комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје. 

Од полицијата велат дека во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 3:00 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 8:45 часот била констатирана смрт.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Донарума: Мојата прва опција е да останам во Пари Сен Жермен

Следно

Трамп вели дека разговарал со Путин

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop