ПЕЈАЧОТ НА „А-ХА“ МОРТЕН ХАРКЕТ ОБЈАВИ ДЕКА ИМА ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ

June 4, 2025
1 min read

Фронтменот на норвешкиот бенд „А-ха“, Мортен Харкет, објави дека му е дијагностицирана Паркинсоновата болест. Веста беше споделена на сајтот на групата, каде што се додава дека Харкет веќе имал две операции на мозокот.

„Немав проблеми со прифаќањето на дијагнозата. Со тек на време, го прифатив ставот на мојот 94-годишен татко дека организмот постепено се предава, велејќи дека ќе користам што и да делува“, изјави 65-годишниот Харкет.

„А-ха“ е еден од најуспешните синт-поп бендови од 1980-тите, а неговиот препознатлив знак е токму фалсето вокалот на Харкет. Од 1985 до 2022 триото има објавено 11 студиски албуми.

„Го знаете како легендарниот фронтмен на ‘А-ха‘, божествено надарен пејач, повлечена поп-ѕвезда, соло уметник, текстописец, ексцентричен мислител, татко на пет деца и дедо, но во последниве години Мортен Харкет исто така беше човек кој се бори со сопственото тело. Ова не е вест што некој сака да му ја пренесе на светот, но еве ја: Мортен има Паркинсонова болест“, напиша биографот на групата Јан Омдал.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врз основа на медиумски написи, Обвинителство постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Следно

Во понеделник пратениците ќе избираат нов министер за здравство и заменик во земјоделство

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop