Се отвора за употреба мостот Ченаб – највисокиот железнички мост во светот

June 4, 2025
1 min read

СРИНАГАР (АА) – Во употреба се пушта мостот Ченаб, изграден во регионот Џаму и Кашмир во Индија, највисок железнички мост со лак во светот, известува Анадолу.

Привлекувајќи го вниманието со високотехнолошката структура, овој џиновски мост ќе го трансформира железничкиот транспорт низ цел Кашмир и ќе ѝ додаде нова димензија на транспортната инфраструктура во регионот.

Мостот изграден на реката Ченаб се смета за важен чекор и од стратегиски и економски аспект.

– Мостот Ченаб

Станува збор за челичен и бетонски мост долг 1.315 м над речната клисура. Структурата се состои од пристапен мост долг 530 м и мост со лак долг 785 м. Со висина од 359 метри над речното корито, мостот Ченаб претставува највисок железнички мост и мост со лак во светот.

Изградбата на мостот чинела 180 милиони долари. Проектот бил одобрен во 2002 година, но градежните работи започнале дури во 2017 година. Основните потпори биле завршени во ноември 2017 година, а лакот бил изграден до април 2021 година.

Мостот бил целосно завршен и отворен во август 2022 година. Првите пробни возења биле спроведени во јуни 2024 година. Планирано е мостот да биде отворен за железнички сообраќај на 6 јуни 2025 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за измама: Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра

Следно

Има уште неколку месеци живот: Ратко Младиќ бара привремено ослободување од затвор

Latest from Blog

Валверде после тепачката заминува во Премиер-лига?

фото: Elite Futbol Talk | EFT (X) Манчестер Јунајтед размислува за изненадувачки трансфер за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, чија иднина во шпанската престолнина стана многу неизвесна. Уругвајскиот

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри
Go toTop