Кривична пријава за измама: Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра

June 4, 2025
1 min read

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Н.(30) од село Долно Оризари, битолско, П.Н.(57)од с.Путурус, општина Могила и две правни лица од с.Долно Оризари.

Првопријавениот во текот на  2023 и 2024 година, во својство на овластено лице-управител во трето и четврто пријавените правни лица и второ пријавениот – сопственик на трето и четврто пријавеното правно лице довеле во заблуда 27 лица, од кои 25 земјоделци од пелагонискиот регион и две превозни претпријатија дека после извршен откуп на житни култури за одреден временски период ќе им платат и ги убедиле да ја предадат житната култура, со што вкупно им нанеле материјална штета во износ од 141.650 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КЛИНТ ИСТВУД ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ДАЛ ИНТЕРВЈУ ЗА АВСТРИСКИ „КУРИЕР“, „РОЈТЕРС“ ЈА ПОВЛЕЧЕ ВЕСТА

Следно

Се отвора за употреба мостот Ченаб – највисокиот железнички мост во светот

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop