ЕП бара итни реформи во Босна и Херцеговина за преговори со ЕУ

June 4, 2025
1 min read

Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент усвои извештај со кој се повикува Босна и Херцеговина да спроведе итни реформи за да започне ефективни преговори за членство во ЕУ. Извештајот, усвоен со 56 гласа „за“, 13 „против“ и пет „воздржани“, ја потврдува поддршката за кандидатурата на БиХ, нагласувајќи го почитувањето на критериумите од Копенхаген, единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Во Извештајот се изразува загриженост за бавниот напредок во спроведувањето на клучните реформи и ги повикува политичките лидери во БиХ да ги исполнат препораките на Европската комисија од октомври 2022 година за усвојување на преговарачката рамка. Се бараат уставни и изборни реформи, зајакнување на демократичните институции, владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Комисијата ја осуди сепаратистичката реторика, особено од претседателот на Република Српска, Милорад Додик, предупредувајќи дека таквите политики го загрозуваат уставниот поредок на БиХ и перспективите за евроинтеграција. Се повикуваат земјите-членки на ЕУ и Европската комисија да преземат мерки, вклучително и санкции, против дестабилизирачките сили. Извештајот, исто така, ја нагласува загриженоста за надворешното влијание од Русија и Кина, особено во Република Српска, и бара подобра координација со политиките на ЕУ.

Се препорачува формирање силен преговарачки тим за БиХ, забрзување на судските реформи и финализирање на националната програма за реформи за да се обезбеди финансиска поддршка од ЕУ преку Планот за раст за Западен Балкан. Извештајот ќе биде ставен на гласање на претстојната пленарна седница на Европскиот парламент.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангелов за Студио 10: До почетокот на сезоната на пожари, ќе се координираат и екипираат ДЗСИ и ЦУК

Следно

СДСМ за Кочани: Зошто Мицкоски го штити началникот Томо Донев?

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop