Герасимовски најави кривични пријави против „Комунална хигиена“ поради сметот во Скопје

June 4, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави кривични пријави против Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“, поради како што рече – недозволивата состојба со отпадот во Скопје.

„Граѓаните плаќаат за услуга што не ја добиваат. Подготвуваме кривични пријави за повреда на законите за заштита на животната средина и бараме итни законски измени“, рече Герасимовски во емисијата „Објектив“ на МРТ.

Тој додаде дека Општина Центар секојдневно има ангажирани 110 хигиеничари, но дека тоа не е доволно ако Градот не ја извршува својата работа.

„Доколку Градот Скопје не си ја завршува својата работа и остава преполни контејнери каде што кучиња скитници го разнесуваат ѓубрето по улиците, се прави огромна штета. Ние собираме колку што можеме околу контејнерите зашто една општина нема такви возила за да може да го отстрани сметот од контејнерите, но собираме колку што можеме. Трошиме средства, време и ресурси, а дополнително сето тоа што ќе биде собрано, плаќаме за да го депонираме во Дрисла. Сето тоа ни прави огромен проблем и редно време е да се најде решение “, порача Герасимовски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Примабалерината Марија Кичевска Шокаровска одбележува 25 години уметничка дејност со насловната улога во „Госпоѓа Бовари“

Следно

Голем број познати личности во Германија ја повикаа Владата да го запре снабдувањето на Израел со оружје

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop