Бугарија се надева на зелено светло од Европската комисија за воведување на еврото

June 4, 2025
1 min read

Надежите на Бугарија за приклучување кон еврото денеска може да добијат клучен поттик, кога Европската комисија ќе го даде своето мислење за тоа дали земјата ги исполнила условите за приклучување кон заедничката валута, јави ДПА.

Владата во Софија на почетокот на годината најави дека презема нов притисок за приклучување кон еврозоната до јануари 2026 година.

Бугарија е членка на Европската унија од 2007 година и претходно планираше да ја замени својата национална валута, левот, со еврото во 2024 година, но усвојувањето беше одложено поради релативно високата стапка на инфлација од 9,5 проценти во тоа време.

Комисијата неодамна изјави дека очекува стапка на инфлација од 3,6 отсто за Бугарија во тековната година и 1,8 отсто во 2026 година, со што се зголемуваат надежите дека Софија е подготвена да се приклучи на еврозоната.

Критериумите за приклучување кон еврото вклучуваат ценовна стабилност, здрави јавни финансии и стабилни девизни курсеви, меѓу другите услови.

Доколку Комисијата заклучи дека Бугарија е подготвена да стане 21-ва земја-членка на ЕУ која ќе ја користи заедничката валута, другите земји-членки на ЕУ и Европскиот парламент сè уште ќе треба да дадат согласност.

Во самата Бугарија, можното воведување на еврото беше проследено со жестоки протести.

Проруската националистичка опозициска партија „Преродба“ повика на референдум за задржување на левот. Активистите собраа 604.000 потписи во корист на референдум.

Бугарскиот парламент, сепак, двапати го одби референдумот за прашањето за валутата, во 2023 година и неодамна во мај годинава.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО ќе ги засили одбранбените планови поради тековната руска закана

Следно

Од текстил до недвижнини: „Тетекс“ ќе гради станбено-деловен комплекс во Тетово

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop