Вреди го промовираше Централниот изборен штаб, Аднан Азизи избран за шеф

June 3, 2025
1 min read

Коалицијата Вреди вечерва во Скопје официјално го промовираше Централниот изборен штаб во пресрет на локалните избори, закажани за октомври оваа година. За шеф на штабот е назначен пратеникот Аднан Азизи.

На настанот, кој се одржа во просториите на Филхармонијата, претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибраими, изјави дека со формирањето на Централниот штаб, Вреди уште еднаш ја потврдува својата определба за заеднички настап на претстојните избори.

– Денеска сме тука да го промовираме поставувањето на Централниот штаб на Вреди . Со овој орган уште еднаш потврдуваме дека Вреди се унифицира како заеднички субјект за настап на локалните избори наесен. За шеф на штабот е веќе избран пратеникот Аднан Азизи – изјави Ибраими.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога Вреди ќе се трансформира во официјална политичка партија, Ибраими нагласи дека темата веќе била разгледувана, но ја оцени како прашање од административен карактер.

– Тоа е прашање што има и правни и политички аспекти, но веќе е помалку важно бидејќи е во сферата на администрацијата. Вреди веќе функционира како еден заеднички субјект – додаде тој.

На прашањето кој е лидерот на Вреди , Ибраими одговори дека за тоа сè уште не се дискутирало внатре во коалицијата, посочувајќи дека фокусот не е на личностите, туку на концептот.

– Не се важни личните имиња во споредба со Вреди како политички субјект – истакна Ибраими.

Настанот претставува дел од подготовките на Вреди за претстојната изборна кампања, со која коалицијата планира засилен теренски настап и координирани активности во сите општини.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

Следно

ВИДЕО: Интер ја потврди разделбата со Инзаги

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop