БДП порасна за 3% – Мицкоски: Македонија со четврти најбрз раст на економијата во Европа

June 3, 2025
1 min read

Македонската економија е четврта во Европа, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако Заводот за статистика објави дека растот на БДП за првиот квартал од година е 3%.

Премиерот додава дека промената се гледа во секојдневието и таа се должи на реформите, подобрувањето на продуктивноста и вработувањето. Мицкоски вели дека растат странските инвестиции и се стабилизира индустриското производство.

Според него, овие бројки сепак не се доволни и Владата во иднина ќе работи на раст повеќе од 4%, но постојат сигнали дека економијата оди напред, а еден таков е креирањето на нови 10 илјади работни места за првите два квартала.

„Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат“. Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил „Евростат“, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска.“, вели Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сторија 24: Тетово се гуши во прав

Следно

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

Latest from Blog

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop