Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
1 min read

Советот на ЕУ усвои заклучоци насловени „Кон стратегијата на ЕУ за вештачката интелигенција во науката“, во кои се повикува на изработка на сеопфатна стратегија за поголемо искористување на вештачката интелигенција во науката, врз основа на етички, одржлив и инклузивен пристап насочен кон човекот. 

– Вештачката интелигенција може целосно да ги трансформира научните откритија, да ги поттикне иновациите и да ја зголеми продуктивноста на нашите истражувачи, оцени полски министер за наука и високо образование Марчин Кулашек, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. 

Според него, Европа мора брзо да ги искористи овие можности, но и да се справи со етичките и општествените предизвици и ризици од вештачката интелигенција, која се развива со забрзано темпо. 

Во заклучоците се оценува дека забрзаниот развој на вештачката интелигенција и нејзината примена во научните истражувања, доведоа до револуционерни достигнувања, трансформирајќи го начинот на кој се практикува науката.  

– Вештачката интелигенција се користи нашироко во анализата на податоци, симулациите и големите јазични модели, поттикнувајќи нови откритија и подобрувајќи ја ефикасноста на истражувањето, се вели во заклучоците, при што се нагласува улогата на вештачката интелигенција во справувањето со глобалните предизвици и подобрувањето на конкурентноста, општествените потреби и дигиталната транзиција во Европа. 

Според документот, од тие причини соработката во областа на вештачката интелигенција е клучна за подобрување на научната размена, обезбедувањето интероперабилност и промовирање на одговорен развој на вештачката интелигенција.  

Во стратегија се нагласува и потребата од одговорно и етичко користење на алатките за вештачка интелигенција во истражувањето и иновациите, со гарантирање на приватноста и интегритетот и безбедноста на податоците.  

– Вклучувањето на вештачката интелигенција во науката, исто така, носи ризици како што се пристрасни алгоритми, манипулација со податоци и етички проблеми, што би можело да доведе до дезинформации или застој. За да се ублажат овие ризици, потребен е развој на критериуми за квалитет, упатства и најдобри практики за употреба на вештачката интелигенција во истражувањето, обезбедувајќи интегритет, транспарентност и репродуктивност на научната работа, се наведува во документот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Самитот на НАТО во Хаг можност за билатерална средба со Бугарија, на која би присустувале и Кошта, Фон дер Лајен, Калас, Руте

Следно

Арсовска објави ново видео за нелегален ископ на песок и бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop