Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон

May 22, 2025
1 min read

Двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон, маж и жена, се убиени  пред Еврејскиот музеј. Осомничениот 30 годишниот Елиас Родригез од Чикаго призна дека убил израелски дипломати, тврдејќи дека го направил тоа „за Газа“.

Нападот се случил додека двајцата дипломати си заминувале од настан во музејот, а напаѓачот пукал во нив од блиску. Мажот починал на самото место, додека жената, откако била однесена во болница во критична состојба, починала од повредите. Жртви на нападот се Јарон Лизински, 28-годишен вработен во политичкиот оддел на израелската амбасада во САД и Сара Милграм.

Откако го извршил нападот, осомничениот се обидел да влезе во зградата на музејот, преправајќи се дека е сведок на пукањето. Побарал помош од обезбедувањето на музејот пред да одлучи да и се предаде на полицијата. Убиецот наводно чекал полицијата да пристигне  пред да ја преземе одговорноста за нападот, велејќи дека го сторил тоа во знак на протест против израелската политика. Според полицијата осомничениот го признал нападот по апсењето. 

„За време на испрашувањето рекол дека пукал „за Палестина“. Го извршил делото како протест против израелската политика. Осомничениот немал претходна историја на проблеми или контакт со полицијата.“ – Памела Смит шеф на полицијата во Вашингтон.

Јарон и Сара беа наши пријатели и колеги. Тие беа во својот најдобар период. Целиот персонал на амбасадата е скршен и потресен од нивното убиство. Нема зборови со кои може да се опише длабочината на нашата тага и ужас поради оваа ужасна загуба, соопшти израелската амбасада во Вашингтон. Израелскиот амбасадор во САД изјави дека младиот човек кој беше убиен „купил прстен со намера да ѝ предложи брак на својата девојка во Ерусалим следната недела“. Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди пукањето, нарекувајќи го ужасно. 

„Овие ужасни убиства што се случија во Вашингтон, јасно засновани на антисемитизам, мора да престанат, СЕГА!.  Омразата и радикализмот немаат место во САД. Сочувство до семејствата на жртвите. Жално е што вакви работи се случуваат! Бог да ве благослови сите!“ – Доналд Трамп претседател на САД. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека е шокиран од убиствата.

„Срцето ме боли за семејствата на младиот маж и младата жена чии животи беа прекинати од ова гнасно антисемитско убиство. Наредив зголемени безбедносни мерки во израелските мисии низ целиот свет, како и за владини претставници.“ – Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел.

Убиството во Вашингтон се случува во време на интензивни израелски напади во Појасот Газа во кои има стотина загинати, и во време на меѓународна осуда за спората дозвола од Израел да дозволи пристап на хуманитарна помош.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ревизорски извештај за хематологија: Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција

Следно

Професор Марковски: Во Македонија доаѓа време на реконструкција на старите дотраени мостови

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop